Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека очекува уште држави да го потпишат Абрахамовиот договор, со кој се нормализираат дипломатските односи помеѓу Израел и арапските земји.
Тој се надева дека Саудиска Арабија наскоро ќе го потпише Абрахамовиот договор.
– Се надевам дека Саудиска Арабија ќе се придружи и се надевам дека и другите ќе се приклучат. Мислам дека кога Саудиска Арабија ќе се придружи, сите ќе се приклучат, истакна Трамп во интервју емитувано денеска на „Фокс бизнис нетворк“ (Fox Business Network).
За време на првиот претседателски мандат на Трамп, како дел Абрахамовиот договор, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Судан и Мароко – се согласија да ги нормализираат дипломатските односи со Израел.