Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, стана најдобар стрелец во регуларната сезона на МЛС. Триесет и осумгодишниот Аргентинец постигна 29 гола на 28 натпревари. Тој има и 19 асистенции.
Ноќеска Меси му даде три гола на Нешвил во победата од 5:2.
Играчот на Лос Анџелес, Денис Буанга, е втор. 30-годишниот Габонец постигна 24 гола на 30 натпревари. Англичанецот од Нешвил, Сем Сариџ, е трет со 24 гола (по 34 натпревари), но има помалку асистенции од Буанга (четири спрема девет).
Со 65 бода, Интер Мајами заврши на третото место во Источната конференција, Лос Анџелес е трет на Запад, Нешвил е шести на Исток со 54 бодови.