Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Како што најавува УХМР, следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Од четврток дневната температура ќе биде во пораст.