Делегација на Хамас предводена од Халил ал Хаја денеска во главниот град на Египет, Каиро ќе разговара со претставници на Египет и Катар за примирјето и ситуацијата по војната во Појасот Газа.
Средбата ќе се одржи еден по серијата израелски напади врз Појасот Газа, што беше преземена како одговор на нападот врз израелските војници во Рафа. И Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за непочитување на примирјето.
Египет и Катар подолг период посредуваат во преговорите помеѓу Израел и Хамас.