ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Концерт на „Трио Анимато“ на фестивалот „Златна лира“

October 20, 2025 13:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На „Златна лира“ – Фестивал на музичките уметници на Македонија вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи „Трио Анимато“, кое го сочинуваат пијанистката Светлана Димитриевска и флејтистките Даниела Неделковска и Симона Марочковска-Манојловска.

Како што информира организаторот – Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), на програмата на концертот се композиции од Алексеј Шор, Трајко Прокопиев и Франц Доплер.

Светлана Димитриевска е пијанистка и педагог, раководител на одделот по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во класата на м-р Тодор Светиев. Нејзините ученици редовно освојуваат награди на национални и меѓународни натпревари, а таа паралелно настапува како концертен пијанист со бројни македонски инструменталисти. Член е на жири и организациски комисии на државни натпревари, активен член на ЕПТА Македонија и промотор на Piano Day Skopje, посветен на афирмирање на млади пијанистички таленти.

Даниела Неделковска дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Бети Станковска. Како флејтистка има настапувано со оркестри и камерни состави на фестивали како „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Мајски оперски вечери“ и „Денови на македонска музика“, како и во соработка со бројни културни институции и ансамбли. Паралелно со концертната дејност, таа активно работи како педагог, со ученици кои редовно освојуваат признанија, и е ангажирана во организација на меѓународни натпревари и семинари. Била генерален секретар на Здружението на музички педагози на Град Скопје (2013–2015) и соработувала на натпревари како „Полихимнија“ и „Млади таленти“.

Симона Марочковска-Манојловска дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, исто така во класата на проф. Бети Станковска. Се афирмирала како солистка и камерна музичарка со настапи на „Денови на македонска музика“, концерти со Градскиот дувачки оркестар и со оркестарот „Јохан Штраус“, како и низ низа самостојни концерти во земјата. Работи како професор по флејта во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, каде нејзините ученици бележат бројни успеси на натпревари дома и во странство. Активно е вклучена во организацијата на меѓународниот натпревар „Полихимнија“ и редовно учествува во семинари и педагошки проекти.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Златна лираТрио Анимато
Next Post

Герасимовски со засилена акција за чистење на Центар: Зголемен број хигиеничари, механизација, работа во две смени

НАЈНОВО

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со Grok

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk