ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка, ДУИ е декласиран

October 20, 2025 14:23
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа на локални избори кога било досега, со историски резултат, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Посочи дека со резултатите од првиот круг на вчерашните локални избори опозициската СДСМ во Скопје е петта политичка партија и оти тоа е јасна порака до лидерот Венко Филипче за оставка какок морален чин. Порака, како што рече, е испратена и до ДУИ, кои, нагласи, на овие избори се декласирани.

– ВМРО-ДПМНЕ доби градоначаник во првиот круг во Берово, Битола, Босилево, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Капија, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадардци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Стрмица и Штип, рече Николоски на прес-конференција во партиското седиште во Скопје.

Според него, резултатот од вчерашните избори е историски и затоа што е за 50 проценти подобар од резултатот во 2021 година кога во 22 општини добиле градоначалници во првиот круг.

– Добивме градоначалници во места кои до вчера беа предводени од СДСМ, убедливо победивме во бастионот на СДСМ Струмица, каде ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалник после 20 години но и мнозинство во советот. Разликата е толку голема и досега невидена во Струмица. Во првиот круг победивме и во Делчево, Берово, Старо Нагоричане, каде исто така СДСМ имаше градоначалници, а водиме и ќе победиме во вториот круг и во Валандово, Дојран, Демир Капија, рече Николоски.

Тој оцени дека со гласовите за избор на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Скопје, јасно е уште во првиот круг што сака главниот град.  – Орце води повеќе од 3:1 во однос на вторпласираниот кандидат. Тоа е јасно позиционирање на Скопје што сака, дека Орце е изборот.  Во вториот круг ќе ја зецементираме победата, порача Николоски, потенцирајќи дека СДСМ во Скопје е петта политичка партија и оти тоа јасно ја покажува волјата на граѓаните и доминацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Николоски посочи и дека нивните кандидати Дејан Митески и Сотир Лукровски убедливо победиле во Аеродром и Карпош во првиот круг и оти се апсолутни фаворити за победа во вториот.

Со тоа што СДСМ во Советот на Град Скопје е петта политичка партија и е на најниско ниво од основањето, рече Николсоки, народот праќа јасна порака до двоецот Венко Филипче Зоран Заев.

– Оставката е најморалниот чин на човек кој доживеал ваков дебакл. Граѓаните јасно кажаа дека е доста од двоецот Зоран Заев-Венко Филипче. На овие избори ја декласиравме и ДУИ, кои минатата година замина во опозиција. Изгубија катастрофално и народот им кажа што мисли за нив и нивната деструктивна и криминална политка. Не може криминалот да се  брани со историски приказни, со измислен наратив и со национална поларизација и затоа ораката и кон ДУИ и Али Ахмети беше многу јасна на вчерашните избори, порача Николоски.

Како што нагласи, ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг очекува уште една голема победа, а потоа силна работа и посветеност за оправдување на довербата што ја добиле од граѓаните.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски ја честиташе победата на градоначалниците во првиот круг и оние кои влегуваат како победници во вториот круг и се заблагодари на сите кои ја вчера дале поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тоа, оцени, значи многу и е голем мотив да продолжиме со силна работа во рамки на Владата и во општините, а таму каде што првпат ќе имаме градоначалници да покажеме зошто тие градоначалници се вистинскиот избор.лв/вј/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Научниците открија мистериозно сјаење во срцето на нашата галаксија – можно трагање по темната материја

НАЈНОВО

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со Grok

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk