ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Лична чанта „Биркин“ на Џејн Биркин на аукција, цената се очекува до 440.000 долари

October 22, 2025 10:08
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Чанта „Биркин“ во сопственост на глумицата и пејачка Џејн Биркин, која го инспирираше името на модниот додаток, се очекува да достигне цена меѓу 240.000 и 440.000 долари (околу 205.000 – 380.000 евра) на претстојната аукција.

На аукција во живо во Абу Даби на 5 декември, една од нејзините чанти ќе биде продадена под назив „Ле Биркин војажер“ (Le Birkin Voyageur) – што е навод т.е. порака во чантата, напишана од самата глумица. Биркин ја носеше од 2003 до 2007 година, кога беше продадена на аукција. Дадена од „Хермес“ на Биркин во 2003., оваа црна „Биркин“ чанта беше една од четирите што уметницата ги користеше откако првпат во 1994 година ја продаде својата оригинална чанта, соопшти аукциската куќа „Сотби’с“.

Ова уследи откако оригиналната „Хермес Биркин“ беше продадена за 8,6 милиони евра во јули – станувајќи највредната чанта што некогаш била продадена на наддавање. Морган Халими, раководителка за чанти и мода во „Сотби’с“, рече дека тоа е огромна чест.

– Да се ​​претстават не една, туку две од личните чанти „Хермес“ на Џејн Биркин во една година е ништо помалку од историско. По рекордната продажба на оригиналниот прототип на „Биркин“ во јули, овој исклучително редок примерок им нуди на колекционерите интимна врска со жената од каде што потекна најзначајната чанта во светот. Ова не е само дел од историјата на модата, туку длабоко личен артефакт од културна и стилска икона чие наследство продолжува да инспирира, изјави Халими.

Класичната чанта, инаку, е дизајнирана за Биркин, која почина во 2023 година на 76-годишна возраст и беше позната по глумењето во француски и британски филмови од 1960-тите па наваму.

Чантата ќе биде понудена на наддавање како дел од Инаугуративната недела на колекционерите во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, во соработка со Инвестициската канцеларија на Абу Даби. Наддавањето ќе се одржи на островот Сент Реџис Саадијат од 2 до 5 декември.

Tags: АукцијаБиркин
Next Post

Најприфатливи земји за удобен и финансиски пристапен живот во странство

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk