Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска во 13 часот од Палатата Србија ќе има вонредно обраќање, потврдија од Претседателството.
Според српски медиуми, тој ќе зборува по повод нападот во Пионирскиот парк.
Пожарoт во неколку шатори поставени од приврзаници на српските власти пред Народното собрание на Србија е изгаснат, иако сè уште може да се види чад. Околу зградата има голем број полицајци, меѓу кои и припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ).
Претходно, од Итната помош објавија дека еден маж е ранет во еден од шаторите пред да избувне пожарот откако во него било пукано од огнено оружје и тој е префрлен во Ургентниот центар на Белград.
Белградски медиуми јвија дека е приведено едно лице.
Пожарникарите отвораат други шатори и проверуваат што има во нив.
Возилата на вработените во Собранието и на пратениците сè уште се паркирани на паркингот.
Околу парламентот има голем број полицајци, вклучувајќи и членови на САЈ, и никому не му е дозволено да помине покрај зградата на Парламентот.