ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кошта: Усвоивме конкретни мерки за да испорачуваме за нашите граѓани, нашата иднина и нашето место во светот

October 24, 2025 09:40
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот совет усвои конкретни мерки за Украина, одбраната, климата и конкурентноста, а отворивме и нов циклус за политиката за домување, со што ќе продолжиме да испорачуваме за нашите граѓани, за нашата иднина и за нашето место во светот, порача доцна синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на вчерашниот Самит на ЕУ.

– На почетокот на овој месец по нашиот неформален состанок во Копенхаген, реков дека денешниот ден ќе биде ден за одлуки и го исполнивме ветувањето на сите фронтови, рече Кошта на заедничката прес-конференција со претседателката на Еврпската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Кошта нагласи дека лидерите на ЕУ се обврзале дека ќе обезбедат покривање на финансиските потреби на Украина во следните две години, за да ги има потребните ресурси за да продолжи да се брани и да се бори за праведен и траен мир.

– Сега треба да се работи на техничките, правните и финансиските аспекти на поддршката од Европа и ќе се вратиме на ова прашање на декемврискиот Европски совет, додаде Кошта.

Фон дер Лајен, пак, нагласи дека дискусијата на Самитот по ова прашање овозможила да се идентификуваат точките што треба да се доразјаснат, за потоа да се разговара со различните опции како да се реализира целата поддршка за Украина со користење на замрзнатите руски средства.

– Дозволете ми повторно да потенцирам: во врска со оваа работа секогаш ќе го почитуваме европското и меѓународното право, рече Фон дер Лајен.

Кошта потсети и дека лидерите го усвоиле 19-тиот пакет санкции кон Русија, со што, како што рече, ќе се зголеми притисок врз Москва и дополнително ќе се нанесат штети на руската воена машинерија, а тие се договориле и да ги зајакнат мерките против руската флота во сенка.

– Продолжуваме да ги користиме сите средства што ни се на располагање за да и овозможиме на Украина да биде во позиција на сила ако и кога ќе започнат преговорите со Путин. Се надеваме дека овој момент ќе дојде наскоро. Но, без оглед на околностите, нашата порака е јасна: Европа нема да ја изневери Украина, истакна Кошта.

Тој додаде дека на Самитот станало збор и за одбраната, при што биле дефинираме приоритети и можностите на ЕУ и биле одобрени нови финансиски инструменти за развој на овие можности во целосна кохерентност со НАТО.

– Одбраната на Европа не е само поголемо трошење, туку станува збор за попаметно трошење, заедничка работа и испорачување за нашите граѓани. Така го градиме суверенитетот на Европа, истакна Кошта.

Фон дер Лајен нагласи дека во овој дел на Самитот се водела „многу позитивна дискусија“ за Патоказ за подготвеност 2030, со кој во координација со НАТО се дефинирани одбранбените целите на ЕУ за до 2030 година.

– Патоказот доаѓа со пораст на трошоците за одбрана и затоа за нас е многу важно овие одбранбени инвестиции да бидат поттикнувач на растот. Со други зборови, сакаме многу јасен поврат на инвестициите преку создавање работни места и истражување и развој тука во Европската Унија. Европа мора да биде одговорна за сопствената одбрана, како дел од силна трансатлантска безбедност и целосно усогласена со НАТО, додаде Фон дер Лајен.

Таа потенцира и дека денес зелената транзиција е во полн ек на глобално ниво и пазарите на чиста технологија низ целиот свет се во подем.

– Ова не е само добра вест за климата, туку е и одлична економска можност. Значи, прашањето е дали сакаме да ги искористиме придобивките од овој глобален бум на чиста технологија или само ќе дозволиме другите да профитираат од него, рече Фон дер Лајен.

Според неа, ЕУ треба да поддржи што повеќе чисти производи да се произведуваат во Европа, што ќе обезбеди нови инвестиции во европската индустрија, пред се во онаа за производство на електрични возила и автомобилски батерии.

Во врска со климатските активности, Кошта нагласи дека Европа е лидер во нивното спроведување, претворајќи го овој предизвик во економски можности и позиционирајќи се како лидер во технологиите на иднината.

– Ја потврдивме нашата посветеност на Парискиот договор и исто така се согласивме дека треба да бидеме прагматични и флексибилни во нашата стратегија. за да се осигураме дека климатските амбиции на Европа и конкурентноста на нашата економија, на нашите индустрии, одат рака под рака и никого не оставаат на страна, рече Кошта.

Според него, чистата и дигитална транзиција заедно со напорите за поедноставување се клучни делови од агенда за обезбедување на меѓународна конкурентност на Европа.

– За да бидеме посилни надвор, треба да бидеме силни и внатре. Лидерите треба да бидат фокусирани и на секојдневните грижи на европските граѓани, а достапноста и пристапот до домувањето се меѓу најитните конкретни прашања за милиони Европејци, рече Кошта.

За таа цел, според него, Европската комисија ќе понуди Европскиот план за прифатливо домување за справувањето со оваа криза.

– Мораме да направиме се што е во наша моќ за да се справиме со неа. Тоа е она што нашите граѓани го очекуваат од нас, додаде Кошта.

Tags: Кошта
Next Post
Скриншот

Трамп ги прекина преговорите со Канада поради користење на Роналд Реган во реклама против царини

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk