ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Почна да се гради „Градски воз“: Првата линија готова за шест месеци, брзата пруга во употреба од 2028

October 24, 2025 13:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Почнаа работите на првата делница од проектот „Градски воз“, Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром – Нова железничка, и треба да биде готова за шест месеци, односно на неа да почне да се сообраќа од почетокот на следното лето. Делови од брзата пруга што треба да почне да се гради, пак, би се користеле во 2028 година, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Идејата на проектот „Градски воз” е постојаната железничка инфраструктура да се реконструира, да се реновира, да се крене на едно друго ниво и да се користи за градски сообраќај. Во Скопје има развиен систем скоро како детелина. Веќе на првата делница, која што оди Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром – Нова железничка, почна да се работи овие денови. Следната година ќе ги работиме другите две лини, за да ја донесеме во инфраструктурна состојба, таа да може да се користи интензивно и често и после тоа да се воспостави еден редовен сообраќај. Првата линија ќе биде готова за шест месеци, што значи дека некаде следното лето на првата линија ќе функционира градскиот воз, рече Николоски, во денешното гостување во Радио Лидер.

Како што соопшти Министерството за транспорт, вицепремиерот Николоски информирал и дека се преговара со Европската банка за обнова и развој за набавка најпрвин на нови локомотиви, а потоа и на нови вагони.

– Во однос на брзата пруга истакна дека е започнато да се изготвуваат физибилити студиите, градежните работи на терен да започнат следната година и да биде завршена за пет години, со тоа што делови од брзата пруга би се користеле во 2028 година, се вели во соопштението.

Николоски во рамки на работната посета на Обединетото Кралство завчера на средба со претставници на Националната агенција за извозно финансирање – УКЕФ посебен фокус  во разговорите ставил на изградба на брзата пруга како проект од национално и регионално значење што се реализира со огромна поддршка на Обединетото Кралство преку финансиска поддршка како и пренесување на експертско знаење и практики.

Премиерот Христијан Мицкоски на 14. месецов изјави дека има интерес од страна на банките за финансирање на брзата пруга и оти следната есен се очекува да почне реализацијата на тој проект.

– Имавме информација преку Министерството за финансии во која имаме необрзувачки индикативна понуда која во моментот ја разгледуваме. Донесена е одлука за избор на необврзувачка индикативна понуда и во периодот кој ќе следи ќе се влезе во суштината на преговорите, договор итн., рече Мицкоски на новинарско прашање.

Условите кои првично ги добивме, посочи, се исклучително поволни и никогаш не би можеле да ги добиеме доколку не беше гаранцијата од Обединетото Кралство.

– Во овој момент работите одат во насока во која треба да одат, како што ги планиравме. Министерството за транспорт прави физибилити студија и студија за оценка на животната средина. Тоа е процес кој трае 270 дена и треба да заврши во мај, јуни. Потоа ќе се влезе во избор на конкурентен дијалог за изведувач на проектот и очекуваме во октомври, ноември, следната есен да почне реализацијата на овој проект, информираше Мицкоски.

Tags: возНиколовски
Next Post
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk