ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прекршен Законот за дигитални услуги: ЕК ја товари Мета за „мрачни шеми“ при пријавување илегална содржина

October 24, 2025 16:07
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Прелиминарна истрага на Европската комисија утврдила дека Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) со тоа што не ја исполниле својата обврска да им овозможат на истражните органи соодветен пристап до јавни податоци.

Дополнително, Комисијата заклучи и дека Инстаграм и Фејсбук ги прекршиле и своите обврски да им обезбедат на корисниците едноставни механизми за известување за илегални содржини, како и да им овозможат „ефикасно оспорување на одлуките за отстранување на содржини“.

– Прелиминарните наоди покажуваат дека Фејсбук, Инстаграм и ТикТок можеби воспоставиле сложени процедури и алатки за истражните органи при барањето пристап до јавни податоци. Ова често ги остава со делумни или несигурни податоци, што влијае на нивната способност да спроведуваат истражувања, како на пример дали корисниците, вклучително и малолетниците, се изложени на илегална или штетна содржина, соопшти денеска Европската комисија.

ЕК посочува дека овозможувањето пристап на истражните органи до податоците на платформите е суштинска обврска за транспарентност од ДСА, бидејќи со тоа се обезбедува јавен надзор врз нивното потенцијално влијание врз физичкото и менталното здравје на корисниците.

Прелиминарната истрага утврдила и дека Фејсбук и Инстаграм не обезбедуваат едноставен и лесно достапен механизам преку кој корисниците би можеле да пријавуваат илегални содржини, како што се материјали за сексуална злоупотреба на деца или терористички наративи.

– Се чини дека механизмите што моментално ги применува Мета имаат неколку непотребни чекори и дополнителни барања за корисниците. Покрај тоа, се чини дека и Фејсбук и Инстаграм користат таканаречени „мрачни шеми“ или „измамнички дизајни“ кога станува збор за механизмите за известување и пријавување, се наведува во соопштението.

Според Комисијата, ваквите практики можат да бидат „збунувачки и обесхрабрувачки“ и со тоа механизмите за посочување и отстранување на илегална содржина може да бидат неефикасни. ЕК додава дека онлајн платформите не се ослободени од одговорност во случаи кога не дејствувале брзо откако биле информирани за присуство на илегална содржина на нивните услуги.

Во соопштението се посочува дека ДСА им дава право на корисниците да ги оспоруваат одлуките на платформите за отстранување на нивна содржина или суспендирање на нивните налози или профили.

– Во оваа фаза, механизмите за жалби по одлуките и на Фејсбук и на Инстаграм не им овозможуваат на корисниците да дадат објаснувања или дополнителни докази за да ги потврдат своите жалби. Ова им отежнува на корисниците дополнително да објаснат зошто не се согласуваат со одлуката за содржината, со што се ограничува ефикасноста на механизмот за жалби, нагласува ЕК, додавајќи дека ова се прелиминарни наоди кои не го прејудицираат конечниот исход на истрагата.

Доколку прелиминарните оценки се потврдат на крајот на истрагата, Комисијата може да им изрече парични казни на социјалните мрежи во износ од шест отсто од нивниот вкупен годишен промет на глобално ниво, како и да изрекува периодични казни со цел да ги принуди да се усогласат со ДСА.

Фејсбук, Инстаграм и ТикТок сега имаат можност писмено да одговорат на прелиминарните наоди на Комисијата и да преземат мерки за отстранување на прекршувањата, пренесе МИА.

Tags: ЕКМета
Next Post
Скриншот

Рубио: Безбедносните сили во Појасот Газа ќе бидат составени од земји за кои Израел нема да има забелешки

НАЈНОВО

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025
Скриншот

Хегсет до шверцерите на дрога: Ќе ве ловиме и ќе ве убиваме

October 24, 2025

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk