ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025 12:41
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советникот на партијата Македонска акција – Конзервативна партија (МААК) во Неготино, Љубе Темелков, излезе со демант по објавите дека упатил експлицитен и понижувачки говор на омраза кон ромската заедница. Темелков реагира на написите во кои беше пренесена неговата објава на социјалните мрежи од 20 октомври, во која тој, по првиот круг на локалните избори, напиша:

„Ѓупците од Криволак со ѓупска работа решаваат со нас 15.000 во Неготино дали ќе живееме во здрава животна средина или ќе нè заебаваат во здрав памет со платени гласови… Тоа не може да биде и на Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“, напиша тогаш Темелков.

ДЕМАНТ на Љубе Темелков Советник на МААК во Неготино го пренесуваме во целост:

Јас Љубе Темелков ниту сум ги спомнал ниту навредил Ромите во Неготино. После мојот прес е организирана хајка против мене за употреба на зборот “ѓупци” кој никако не е употребен во конотација да навреди ни една етничка група туку да ги посочи поткопувачите на гласови кои ја менуваат сликата во советот на град Неготино.

Во народот ѓупа е карактеристика за не чесен човек без разлика од која етничка заедница доаѓа.

Ако некоја етничка заедница се има препознаено во мојата изјава, тоа е грешка затоа што јас не со тој збор не етикирам етникум туку човечка особина на нечесност, пишува на Фејсбук, Љубе Темелков Советник на МААК во Неготино.

Тој во видео обраќање на Фејсбук и на фејсбук страницата Неготински глас нагласи дека против Ромите нема ништо и ниту ги спомна во неговите јавни обраќања.

Против Ромите немам ништо и ниту се спомнати во моите пресови. Јас ги спомнувам ѓупците. Зборот Ѓуптин во Неготино го употребуваме сите без разлика на неговата етничка припадност. Ѓуптин значи човек без достоинство и без чест без разлика дали е Македонец или Американец, дали е директор или е земјоделец. Ѓуптин е човек без чест и без достоинство… Ромите не ги спомнувам никаде – „џупска работа значи кражба“.

Иако формално е претставен како демант, изјавата на советникот Темелков всушност го продлабочува проблемот. Наместо извинување или повлекување на навредливите зборови, тој повторно ја оправдува својата реторика и ја релативизира употребата на расистички изрази. Со тоа, демантот не ја ублажува, туку ја потврдува неговата националистичка и омаловажувачка позиција кон ромската заедница.

Дехран Муратов во соработка со ТИМОТ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (ЦХТМ)

Фото: Принтскрин од Фејсбук објавата на советникот на МААК, Љубе Темелков

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

НАЈНОВО

Почна да се гради „Градски воз“: Првата линија готова за шест месеци, брзата пруга во употреба од 2028

October 24, 2025

Д-р Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

October 24, 2025
Скриншот

Њу Делхи предизвика вештачки дожд во обид да го ублажи големото загадување на воздухот

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk