Најдобриот фудбалер на Ливерпул од ланската сезона Мохамед Салах далеку е ланската форма. Неговите игри пред сè поразите на Ливерпул (четири во низа) беа причина да се најде на мета на критичарите.
Но, менаџерот на „црвените“ Арне Слот не е премногу загрижен и има максимална доверба во неговите квалитети и смета дека ќе се врати во форма кога ќе биде најпотребно.
– Не смееме да заборавиме дека Салах отсекогаш давал голови за нашиот клуб. Последното за што треба да се грижиме се неговите голови. Секој играч промашува и такви работи се случуваат во спортот, изјави Слот.
Ливерпул ја прекина серијата од четири порази со триумфот на гости во Лигата на шампионите против Ајнтрахт со 5:1. Салах натпреварот го почна од клупата и ги играше последните 20 минути.
Вечерва со почеток од 21 часот шампионот на Англија, Ливерпул има уште еден тежок натпревар на гостувањето кај Брендфорд.





