Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, најави нова програма насочена кон економско осамостојување на младите преку поддршка на стартапи и претприемништво.
„Младите ќе бидат во фокусот на мојата работа како градоначалник на општина Аеродром,“ истакна Трајановски во денешната изјава за медиумите. „Затоа предвидуваме формирање посебна програма што ќе нуди финансиска поддршка на млади лица до 29 години што сакаат да започнат сопствен бизнис.“
Според него, програмата ќе вклучува грантови за стартапи до 4.000 евра по апликација, како и обуки за претприемаштво, дигитален маркетинг и бизнис-планирање.
„Покрај финансиската помош, младите ќе имаат и пристап до консултантски услуги за аплицирање во национални и европски фондови,“ додаде Трајановски.
Целта на оваа мерка, како што посочи, е да се намали невработеноста кај младите и да се зголеми бројот на активни млади претприемачи во општината.
Во пораката кон младите, Трајановски нагласи:
„Драги млади, вие сте клучот на промените, затоа на 2 ноември да се избориме за подобра иднина и за општина која ќе биде ваш партнер“.





