Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи им се заблагодари на граѓаните за поддршката и ја опиша кампањата како генерациска борба.
„Скопјани, ви благодарам од сѐ срце неизмерно за целосната поддршка и сите пораки!
Ова е генерациска борба! На сите непривилегирани и отфрлени, сите намачени и потиснати, од семејства со еден родител и семејства кои ја живеат агонијата на ова време кое е наменето за НИВ не за НАС!
Отчукуваат последните мигови на нивното време, сега сме ние на потег!” – напиша вчера Мециновиќ на социјалните мрежи.





