Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто во споредба со вчерашната одлуката.
Новата малопраодажна цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 69,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 73,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 70 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,480 отсто, кај дизелот за 1,760, кај екстра лесното масло за 5,965 и кај мазутот за 3,830 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,0496 отсто.





