ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пакистан и Авганистан се согласија да го продолжат прекинот на огнот по преговорите во Истанбул

October 31, 2025 09:54
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Пакистан и Авганистан се согласија да го продолжат прекинот на огнот по преговорите одржани во Истанбул со посредство на Турција и Катар, се наведува во заедничкото соопштение објавено синоќа од страна на турското Министерство за надворешни работи.

„Сите страни се согласија да воспостават механизам за следење и верификација што ќе обезбеди одржување на мирот и изрекување казни за страната што го прекршува договорот“, се наведува во соопштението по разговорите одржани помеѓу 25 и 30 октомври, јавија британските медиуми.

Авганистан и Пакистан се согласија да ги продолжат мировните преговори во Истанбул на 6 ноември и да го одржат прекинот на огнот дотогаш, соопшти турското Министерство за надворешни работи, според TRT World.

„Сите страни се согласија да го продолжат прекинот на огнот. Модалитетите на неговото спроведување ќе бидат разгледани и одлучени на состанок на високо ниво во Истанбул на 6 ноември 2025 година“, соопшти турското министерство.

Во исто време, Ал Џезира наведува дека портпаролот на авганистанската Влада оценил дека преговорите „се одвивале во позитивна атмосфера“.

Судирите избувнаа по пакистанските воздушни напади врз Кабул претходно овој месец, што го натера Авганистан да одговори со напади врз пакистанските воени позиции долж границата долга 2.600 километри.

Пакистанската армија минатата недела објави дека пет војници и 25 членови на пакистанското талибанско движење се убиени во судирите во пограничната област.

Tags: АвганистанПакистанпреговорипрекинот на огнот
Next Post
Фото: ВИ

Откажан Самитот Трамп-Путин: САД ги прекинаа преговорите поради „тврдиот став“ на Москва за територијални отстапки од Украина

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk