ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025 15:12
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МВР Србија

Фото: МВР Србија

Share on FacebookShare on Twitter

Со 16-минутна тишина денеска во Нови Сад во 11 часот и 52 минути беше оддадена почит за 16- луѓе загинати во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани.

Кон градот се уште се движат колони граѓани од кои сакаат да присуствуваат на денешниот комеморативен собир по повод година дена од трагедијата во која меѓу загинатите беше и македонски државјанин. Палат свеќи, оставаат цвеќе на оградата на железничката станица. Полицијата е присутна секаде во градот. На главниот булевар во градот се поставени штандови каде поради високи температури се нудат вода и сокови.

Во Белград поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфирије, денеска, на парастосот за жртвите на железничката станица во Нови Сад, нагласи дека е неопходен мир.

„Прво во секој од нас, потоа мир меѓу нас. Нека Господ ни даде на сите нас, духовните чеда на Свети Сава, спознание дека сме потребни едни на други, чувство дека сме едно“, рече патријархот Порфирије на богослужбата во храмот Свети Сава, во Белград, на која присуствуваше шефот на државата и членови на Владата на Србија.
Тој посака Господ да им даде на сите „сила и решителност да бидат подобри од себе за да бидеме сите подобри, бидејќи можеме да бидеме подобри само кога секој лично се труди да расте во доброто“.

Вучиќ присуствуваше во храмот Св. Сава во Белград и рече дека денеска палиме свеќа за секој од нив, молејќи се и верувајќи дека засекогаш ќе останат во нашите срца и дека во овој тажен момент, најважно е Србија да биде достоинствена и обединета.

„Помина една година од денот што ја промени Србија засекогаш. Шеснаесет животи беа згаснати поради падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Денеска палиме свеќа за секој од нив, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и сеќавања засекогаш ќе останат во нашите срца“, рече Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.

Како претседател, но и како граѓанин на Србија, тој уште еднаш изрази најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите.

Во Србија денеска е Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, но и ден кога голем број луѓе од целата држава одржуваат комеморативен собир во тој град во Војводина со цел – да оддадат почит на загинатите.
Пред една година – на денешен ден во Нови Сад – загинаа 16 луѓе, а едно девојче беше тешко повредено кога се урна бетонска настрешница на реновирана железничка станица во тој град, трагедија за која досега не е утврдена кривична одговорност.

Бетонската настрешница се урна во 11 часот и 52 минути, тогаш загинаа 14 луѓе, меѓу кои и четири деца на возраст од шест, 10, 16 и 17 години, а три лица беа тешко повредени. Уште две лица починаа подоцна поради повредите. Меѓу загинатите беше и Македонецот  Васко Саздовски (46) – истражувач во Институтот Биосенс во Центарот за сензорски технологии, како виш истражувач во рамките на проектот ANTARES. Докторирал на Универзитетот Кренфилд, Обединето Кралство. Претходно магистрирал електротехника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и дипломирал воздухопловство на Воената академија во нашата држава.

Tags: Нови СадСрбија
Next Post
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk