Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах го постигна својот 250. гол во дресот на Ливерпул, со што актуелниот англиски фудбалски шампион ја прекина серијата без победа во Премиер лигата со победа од 2-0 над Астон Вила во саботата вечер во рамки на 10. коло.
Ливерпул, кој беше во серија од четири последователни пораз во англиското првенство и шест на последните седум натпревари во сите натпреварувања, сега е третопласиран на табелата, заостанувајќи седум бодови зад лидерот Арсенал.
„Ова е важна победа. Загубивме неколку пати во Премиер лигата и во Лигата на шампиони, па среќен сум што се вративме на вистинскиот пат. Тоа ќе ни даде поттик за претстојните натпревари“, изјави Салах по натпреварот.
Салах, кој беше критикуван за лошиот почеток на сезоната, постигна гол во судиското продолжение од првото полувреме за водство од 1-0 и со својот 250. гол им се придружи на клупските легенди Иан Раш и Роџер Хант како единствени играчи во историјата на Ливерпул кои постигнале 250. или повеќе голови.





