ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК препорача усогласување на терминологијата во Изборниот законик заради рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025 13:18
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, КОРУПЦИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција денеска на 24. седница го разгледа и усвои Извештајот од антикорупциска проверка на одредби од Изборниот законик, Глава VI, како и Изборна кампања со поднаслов „Медиумско претставување“ од член 75 до член 76- д. ДКСК, Извештајот, како што изјави потпретседателката Цвета Ристовска, ќе го достави до институциите со цел да се направи усогласување на одредени членови за да се прецизира дефинирањето на учесник во изборна кампања, како и рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници.

Ристовска посочи дека ДКСК утврдила три регулаторни ризици со сегашното дефинирање на процесот на платено политичко рекламирање во Изборниот законик, поради двосмислена терминологија, која може да се толкува различно.

Првиот се однесува на член 75 ѓ став 1 од Изборниот законик кој гласи: „За време на изборната кампања и во првиот и во вториот круг на гласање, радиодифузерите кои ги покриваат изборите можат да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма исклучиво наменети за платено политичко рекламирање, од кои за двете најголеми политички партии од позицијата кои на последните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија освоиле најмногу гласови можат да одвојат најмногу четири минути кои се распределуваат по претходен писмен договор, за двете најголеми политички партии во опозиција кои на последните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија освоиле најмногу гласови можат да одвојат најмногу четири минути кои се распределуваат по претходен писмен договор, за политичките партии во Собранието на Република Македонија кои на последните избори за пратеници не освоиле доволно пратеници да формираат пратеничка група можат да одвојат една минута која се распределува по претходен писмен договор и за политичките партии кои не се застапени во Собранието на Република Македонија или кандидати можат да одвојат триесет секунди кои се распределуваат по претходен писмен договор.“

-Законодавецот употребил зборови како „може“ и „најмногу“, кои во контекст на останатиот текст оставаат простор за различно толкување, може не упатува на облигација, поради што при примена на законот може поинаку да се толкува, рече Ристовска.

Таа додаде дека и поимот „најмногу четири минути“ исто така доведува до нејаснотии, поради тоа што вака како што е напишан ставот 1 ја пропишува горната граница на платеното политичко рекламирање, која не смее да се надмине, но не е пропишана долната граница.

-Ова отвора простор одредени субјекти кои го применуваат законот, различно да го толкуваат и да го применуваат во двата случаи, рече Ристовска и нагласи дека ДКСК препорачува користење на јасен и недвосмислен јазик за законските одредби за платено политичко рекламирање кај радиодифузерите во членот 75 ѓ став1.

Првиот регулаторен ризик, дополни таа, е во директно причинско-последична врска со вториот регулаторен ризик, кој се јавува, поради нецелосна опфатеност на сите учесници во изборната кампања, кои, пак се наведени во Член 2 точка 14 од Поимникот на Изборниот законик, каде се наведува дека учесник во изборна кампања е овластено лице од политичка партија, коалиција или група избирачи кои ја организираат изборната кампања.

Ристовска посочи дека законодавецот во Членот 2 точка 14 и Членот 75 ѓ став 1 применил различни термини во наведувањето на учесниците во изборната кампања, поради што, кога станува збор за платеното политичко рекламирање доколку се земе предвид  Членот 75 ѓ став 1 не ги опфаќа сите оние кои се дефинирани како учесници во Поимникот.

Поради тоа ДКСК препорача усогласување на Членот 75 ѓ став 1 и Членот 2 точка 14 за да се обезбеди доследност и еднаков третман на сите учесници во изборната кампања.

Тртиот регулаторен ризик се однесува на неусогласеноста на дефинирањето на учесниците во кампањата со рекламниот простор во електронските медиуми (интернет портали), што е дефинирано во Член 75 ѓ став 12 од Изборниот законик.

Во Член 75 ѓ став 12 стои „Рекламниот простор на електронските медиуми (интернет портали) и печатените медиуми наменет за платено политичко рекламирање, се распределува по следниве критериуми: – најмногу 45% од рекламниот простор може да се даде на двете најголеми политички партии од позицијата кои на последните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија освоиле најмногу гласови, – најмногу 45% од рекламниот простор може да се даде на двете најголеми политички партии во опозиција кои на последните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија освоиле најмногу гласови, – најмногу 7% од рекламниот простор може да се даде на политичките партии во Собранието на Република Македонија кои на последните избори за пратеници не освоиле доволно пратеници да формираат пратеничка група и – најмногу 3% од рекламниот простор може да се даде на политичките партии кои не се застапени во Собранието на Република Македонија или кандидати.“

Ристовска напомена дека и тука ДСКС препорачува усогласување на терминологијата и додаде дека Членот 75 ѓ став 13 од Изборниот законик вели: „Радиодифузерите и печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) во Република Македонија се должни на сите учесници на изборниот прецес да им обезбедат рамномерен пристап за платено политичко рекламирање. Таа додаде дека има судир меѓу ставот 1 и ставот 13 во Членот 75 ѓ во однос на критериумите за распределба на минутите, секундите.

ДКСК ја продолжи седницата со постапување по други предмети.

Tags: ДКСКизбори
Next Post

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за половина, дизелот за еден денар

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk