Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, не е загрижен за напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, по неговата лута реакција на заменувањето во поразот од Барселона со 2:1 во шпанското првенство.
Дваесет и петгодишниот фудбалер доби повик во репрезентацијата за пријателските натпревари против Сенегал (15 ноември) и Тунис (18 ноември).
-Имам добар однос со Винисиус, како и со другите играчи. Разговарав со него, му кажав сè што мислев. Сфати дека направил грешка и се извини. Мислам дека проблемот е решен. Тој е многу важен играч за нас. Може да ни биде од голема помош. Нема проблеми тука, во својот клуб или со својот тренер (Чаби Алонсо]. Што се однесува до неговиот личен живот, тоа е негова работа. Јас не сум негов татко или брат, јас сум само негов тренер, рече италијанскиот фудбалски стручњак на прес-конференција.
Винисиус беше заменет во 72-та минута од натпреварот против Барселона. Играчот беше многу незадоволен, покажувајќи кон себе, прашувајќи дали навистина е заменет, потоа викајќи и смеејќи се пред да помине покрај Алонсо на аут-линијата и да се упати кон тунелот. Подоцна се извини за своето однесување.





