ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Македонскиот фронт низ слики и предмети“ изложба и предавање, 11 ноември во Европска куќа

November 7, 2025 13:07
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Македонскиот фронт низ слики и предмети
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот институт во Скопје има чест да ве покани на предавање и изложба „ Македонскиот фронт низ слики и предмети “, кое ќе се одржи во вторник, 11 ноември 2025 година, од 19:00 часот, во Europe House, Скопје.

Предавањето ќе биде одржано од страна на двајца еминентни експерти за Првата светска војна и Македонскиот фронт:

– Даниела Николова, историчар и кустос-советник во Музејот на македонската борба, и

– Ерик Алар, професор по историја во Франција и специјалист за Македонскиот фронт.

Паралелно, во холот на Europe House ќе биде поставена изложба на автентични разгледници и фотографии од приватни колекции, меѓу кои и онаа на Фросина Георгиевска и Бјорн Габриел.

Изложбата претставува уникатно визуелно сведоштво за животот на војниците и народот за време на Првата светска војна во Македонија.

Изложбата ќе биде отворена само на денот на предавањето.

За предавачите:

Даниела Николова неодамна престојуваше во Париз работејќи на проект за Првата светска војна и Макеоднскиот фронт.

Како директор на Музејот на македонската борба за независност, таа е авторка на повеќе каталози и публикации за македонската историја, вклучувајќи го и каталогот „Македонија во Првата светска војна” (2023).

Нејзиното истражување се фокусира на документирањето на македонското историско и културно наследство.

Ерик Алар е професор по историја во Франција и специјалист за Македонскиот фронт.

Од 2009 година тој спроведува археолошки истражувања и собира сведоштва за Првата светска војна во регионот на Битола.

Од 2016 година е интегриран како експерт во групата за научна поддршка на Францускиот институт во Скопје за валоризација на Макеоднскиот фронт и автор на неколку публикации.

Предавањето е по повод денот на примирјето во Првата светска војна и ќе ги вкрсти француската и македонската перспектива на овој значаен историски период низ приказ на автентични фотографии и предмети од Македонскиот фронт.

Tags: изложбаМакедонскиот фронт низ слики и предметиПредавање
Next Post
Скриншот

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

EVN

НАЈНОВО

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk