ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје

November 7, 2025 15:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Од понедлник 55 приватни автобуси ќе сообраќаат низ Скопје, до нова година уште 20 приватни, а во март со поддршка на Владата ќе се набават нови 80 автобуси, најави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Тој од паркингот пред салата „Борис Трајковски“ најави подобрување на јавниот превоз, вклучувајќи враќање на приватните превозници во системот на градски транспорт.

-Како што ветив во предизборието, започнавме со активности за чистење на градот и решавање на клучните проблеми на граѓаните. Една од тие активности е повторното вклучување на приватните превозници во јавниот транспорт, истакна Ѓорѓиевски.

Според него, за помалку од 48 часа од преземањето на функцијата, постигнат е договор и се потпишани лиценци за 55 приватни автобуси, кои ќе започнат со работа од понеделник.

-Дополнително до нова година од она што сум информиран од приватните автопревозници ќе бидат вклучени уште 20 автобуси најмалку. Што значи дека целосно ќе биде нормализиран градскиот транспорт за нашите сограѓани. Земаме во предвид дека и некаде околу март месец во координација со Владата очекуваме да пристигнат и 80 автобуси нови. Целосно ќе го нормализираме градскиот транспорт. Ова е почеток на решавање на сообраќајниот хаос и создавање алтернативи за граѓаните, истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот најави дека дел од линиите ќе ги држат приватните превозници, дел ќе бидат комбинирани со ЈСП, но нема да се одземаат линии од ЈСП. Ќе се направи ревизија на возниот ред и линиите, кои, како што рече, со децении не се променети.

Ѓорѓиевски посочи дека финансиската состојба на градот е сериозна, со само 40 милиони денари на сметката и значителни долгови на јавните претпријатија. Сепак, тој најави напори за стабилизација и редовна исплата на обврските.

Во однос на отказите на вработените кои не доаѓале на работа, градоначалникот откри дека во јавните претпријатија има сериозни злоупотреби.

-Вчера имавме листа од 371 лице што зема плата, а не се појавува на работа. Денеска таа бројка е 398, и очекувам да стигне до 500. Тоа се најмалку 5 милиони евра годишно, или 20 милиони евра за 4 години, пари што можеле да се вложат во проекти како луна парк за Скопје, истакна Ѓорѓиевски.

Тој апелираше до надлежните институции да се вклучат и да ги истражат случаите, додавајќи дека ќе бара одговорност од сите кои потпишувале за вакви злоупотреби.

-Без разлика на партиска, верска или национална припадност, моја должност е да се грижам за секој денар на граѓаните, заклучи Ѓорѓиевски.

Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски рече дека приватните превозници се многу важен дел од јавниот превоз во градот Скопје.

-Во изминатиот период работевме сериозно на обнова на возниот парк, имаме еколошки автобуси и сме подготвени да одговориме на потребите на граѓаните, нагласи Зафировски.

Тој истакна дека комуникацијата со градоначалникот Ѓорѓиевски е одлична и дека очекува заедничка работа на подобрување на возниот ред и останатите проекти поврзани со јавниот превоз.

-Многу брзо ќе имаме редовен возен ред, граѓаните нема да чекаат. Како што ќе пишува на информативните табли, така ќе пристигнуваат автобусите. Тоа е она што им треба на граѓаните, редовност, навремени, еколошки, чисти и климатизирани автобуси, додаде Зафировски

На новинарско прашање за долгот од страна на ЈСП кон приватните превозници, рече дека изнезува 170 – 180 милиони денари.

Tags: Ѓорѓиевскијавен превоз
Next Post
Фото: Фронтлајн

Прекинато водоснабдување во дел од Шуто Оризари

НАЈНОВО

Скриншот

Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

November 7, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинение за лажно пријавување бомба во училиште во Радовиш

November 7, 2025
Фото: Фронтлајн

Прекинато водоснабдување во дел од Шуто Оризари

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk