ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025 12:24
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина лани при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, продолжува со штрајкот со глад веќе осми денеска одговори на синоќешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ за разговор.

„Не ме повика директно. Ме повика преку медиуми, и тоа преку неговите медиуми
Хрка вели дека не ги брои деновите, дека се чувствува добро и дека не се откажува од штрајкот.

Вучиќ синоќа во изјава за РТС, рече дека е подготвен да ја прими Дијана Хрка „секогаш и во секое време“ и дека е подготвен да ја посети, но дека разговорот треба да се одвива без „политичка претстава“и без обиди за предизвикување инциденти.

„Ми се јавува преку медиумите. И тоа преку неговите медиуми. Тој рече – „ме навреди, но ќе и простам“. Го прашувам претседателот – не навредува сите веќе една година, се закани дека ќе нè уништи низ целиот свет, дали треба да му простам што рече за саботата дека „се игра некој натпревар“ – што да кажам на тоа? Дали треба да се навредам јас или тој? Нема да му простам“, изјави таа.

Таа додаде дека не размислува за тоа кој бил мотивот на Вучиќ да ѝ се јави по една година.

„Нека размисли за тоа, тој е претседател, тој се меша во сè. Ако е подготвен да разговара и ако мисли дека сака да разговара, ќе дојде тука да разговара пред сите луѓе, пред сите медиуми. Ако се плаши од скандирање, тоа е негов проблем, а не мој. Тој ги собра луѓето на кои им плаќа и продолжува да им плаќа таму. Тие се мафијаши, тие се криминалци – и тој е повреден, а јас не сум повредена?“, рече Хрка.

Веќе осми ден, Хрка штрајкува со глад во близина на српскиот парламент, во шатор на улица и спие  на палети, бидејќи кога го започна штрајкот, не ѝ дозволија да се приближи до Домот на Народното собрание, каде што имаше намера да штрајкува. Тој дел е обезбеден од полицијата.Мајката на Стефан Хрка бара кривично гонење на одговорните за трагедијата во Нови Сад, ослободување на сите притворени студенти и распишување вонредни парламентарни избори.

Таа им се заблагодари на сите што доаѓаат да ја посетат, да ја поддржат, како и на оние што ја поминуваат ноќта во шатори до неа.

Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, по комеморативниот собир еден ден претходно во Нови Сад, одржан по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад и загинувањето на 16 лица.

Tags: ВучиќДијана ХркаСрбија
Next Post

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk