ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025 12:10
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Во сенка на војната и политичките тензии, израелскиот парламент усвои два контроверзни закони што го менуваат односот на државата кон правдата и медиумите. Едниот ја отвора вратата за враќање на смртната казна, другиот ѝ дава на владата право да замолчи странски медиуми без судска одлука. Одлуките на Кнесетот ја отвораат дебатата: дали Израел ја зајакнува својата безбедност — или ја губи својата демократија?

Во еден од најконтроверзните потези во поновата израелска историја, парламентот на државата, Кнесетот, го одобри во прво читање предлог-законот за воведување на смртна казна за осудените за терористички напади. Иницијативата ја предводи министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, лидер на екстремно десничарската партија Оцма Јехудит. Предлогот помина со 39 гласа „за“ и 16 „против“, а сега се префрла во парламентарна комисија за понатамошна расправа пред второто и третото гласање, се наведува во статија на Си-Ен-Ен. 

Бен-Гвир го бранеше законот како неопходен чекор што ќе создаде „значителен одвраќачки ефект против тероризмот“, дури и се закани дека ќе ја повлече својата партија од владејачката коалиција ако не биде ставен на гласање. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој претходно имаше резерви — стравувајќи дека законот може да доведе до одмазда врз израелските заложници во Газа — на крајот го смени својот став откако беше постигнато кревко примирје.

Историски преседан

Израел, иако формално ја дозволува смртната казна, ја применува само во исклучителни случаи како предавство или воени злосторства од времето на нацистичкиот режим. Всушност, единствениот човек егзекутиран во Израел бил Адолф Ајхман, еден од главните архитекти на Холокаустот, кој беше обесен во 1962 година по неговото апсење во Аргентина и судењето што го означи симболичниот триумф на правдата над злосторството.

Во пресрет на новото гласање, Бен-Гвир изјави на платформата X (поранешен Твитер) дека „историјата ќе им суди на сите кои ќе се осмелат да гласаат против законот за смртна казна за терористите“, зацврстувајќи го имиџот на политичар што не познава компромис.

Предлог-законот предвидува и измени во военото судство на окупираниот Западен Брег, со кои судовите ќе можат да изрекуваат смртна казна со обично мнозинство, без потреба од едногласна одлука. Дополнително, законот исклучува можност за олеснителни околности — што практично значи задолжителна смртна пресуда во одредени случаи. Палестинците таму се судат според воено право, а еврејските доселеници според граѓанско, што уште повеќе го нагласува правниот јаз меѓу двете заедници.

Критики од Обединетите нации

Обединетите нации со години ја критикуваат израелската воена правда на Западниот Брег, посочувајќи дека „палестинското право на правична постапка е прекршувано со децении“. Според експертите на ОН, „функциите на полиција, истражител, обвинител и судија се концентрирани во иста институција – израелската војска“, што го нарушува секој принцип на независност и правична постапка.

Закон против странски медиуми

Во истата седница, Кнесетот го одобри и првото читање на уште еден спорен предлог-закон — овојпат насочен против странските медиуми. Новата мерка ѝ овозможува на израелската влада да затвора медиумски куќи без судска наредба, а во јавноста е позната како „Законот Ал Џезира“.

Името го доби по случајот од 2024 година, кога Министерството за комуникации ја забрани работата на катарската телевизија , обвинувајќи ја за анти-израелска пристрасност и поддршка на Хамас преку нејзиното известување за војната во Газа.

Уништување на медиумската независност

Al Jazeera ги негираше обвинувањата и остро ја осуди забраната, истакнувајќи дека нејзините новинари биле мета на израелски сили во Газа, при што неколкумина беа убиени во изминатите две години.

Новата верзија на законот, предложена од пратеникот Ариел Калнер од партијата Ликуд и поддржана од коалицијата на Нетанјаху, има за цел овие овластувања да станат трајни – дури и во време на мир, без потреба од судска контрола.

Организацијата „Репортери без граници“ (RSF) го осуди овој предлог како „првиот клинец во ковчегот на уредничката независност на израелските медиуми“.

Според Ана Боканде, уредничка директорка на RSF, владата на Нетанјаху се обидува да ги замолчи критичките гласови во контекст на воените тензии и претстојните избори, предупредувајќи дека ваквите закони ќе имаат долготрајни и длабоки последици по слободата на медиумите во земјата.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: израел
Next Post

Мицкоски: Владата согласно закон ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk