ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп подготвен за напади во Мексико за да ја запре дрогата

November 18, 2025 13:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека е подготвен да изврши напади во територијата на Мексико доколку е потребно за да се спречи криумчарењето нелегални наркотици во САД.

– Дали би наредил напади на Мексико за да ја запреме дрогата? За мене тоа е во ред. Што и да е неопходно за да ја запреме дрогата. Го набљудував Мексико Сити за време на викендот. Таму има сериозни проблеми, рече претседателот на САД вчера во Белата куќа, пренесува „Хил“.

На прашањето на новинарите дали би побарал дозвола од мексиканската влада за започнување напади, Трамп одговори дека нема да одговори на тоа прашање и додаде дека е во контакт со властите во Мексико Сити. – Тие знаат каков е мојот став, рече Трамп.

Претседателот на САД навести дека ќе му се обрати на Конгресот и ќе побара дозвола за напади и предвиде дека таквите потези би биле поддржани од пратениците на двете партии. – Значи, вака ќе кажам: Не сум задоволен од Мексико, рече Трамп.

Администрацијата на Доналд Трамп планира мисија за испраќање разузнавачки службеници и американски војници во Мексико заради пресметка со нарко-картелите, иако разговорите за обемот на мисијата сè уште траат и конечна одлука сè уште не е донесена, објави Ен-Би-Си Њуз претходно овој месец.

Американската крајбрежна стража соопшти на 6 ноември дека во текот на фискалната 2025 година запленила скоро 231.000 килограми кокаин на Карибите и источниот дел на Тихиот Океан.

Потенцијалните напади на територијата на Мексико би ја прошириле кампањата на претседателот за сузбивање на трговијата со наркотици во Централна и Јужна Америка, со оглед на тоа што американската војска во моментов уништува бродови за кои се сомнева дека криумчарат дрога на Карибите и источниот Пацифик.

Досега, американската војска кренала во воздух 21 пловило, при што загинале најмалку 83 лица, кои администрацијата ги нарече нарко-терористи.

Стејт департментот во февруари означи шест мексикански нарко-картели, заедно со венецуелската банда Трен де Арагва и МС-13, како странски терористички организации.

Трамп, исто така, навести дека би бил отворен за уништување на фабрики за кокаин во Колумбија, тврдејќи дека тоа би спасило милиони Американци.

– Колумбија има фабрики за кокаин каде што се произведува кокаин. Дали би ги уништил тие фабрики? Би ми била чест лично да го направам тоа. Не реков дека ќе го направам тоа, но би ми била чест, бидејќи со тоа би спасиле милиони животи, истакна Трамп.

Tags: МексикоТрамп
Next Post
Скриншот

Кос: Време е за проширување на проширувањето

НАЈНОВО

Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025

Филков до Тренчевска од СДСМ: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk