ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

МКЦ го стартува 50 издание на Млад Отворен Театар

November 19, 2025 11:08
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: МКЦ

Фото: МКЦ

Share on FacebookShare on Twitter

Со претставата „Лимениот барабан“ во режија на Васил Христов, а во изведба на Југословенско драмско позориште од Белград, на сцената на МНТ, од вечерва стартува, 50-то издание на Млад отворен театар – МОТ.

Јубилејното издание започнува со претстава во која има доминантно македонска авторска екипа, која го постави антологиското дело на германскиот нобеловец Гинтер Грас, „Лимениот барабан“.

„Југословенско драмско позориште низ овие 50 години, повеќе од десетина пати бил на репертоарот на МОТ, но привилегија е годинава што тројца наши автори го создаваат ова драмско парче и ќе ги гледаме на отворањето во „Лимениот барабан“, Никола Коџобашија, автор на музика, Костантин Трпеноски, автор на сценографија и Васил Христов – режија, кој како белградски студент на ФДУ, после 30 години се враќа на таа сцена со свое дело“  – вели Русе Арсов од тимот на МКЦ.

Врз основа на препознавање на творечкиот јазик, претставата ги спои овие домашни автори. „Лимениот барабан е моја прва соработка со Васил Христов и со Југословенско драмско позориште, и беше посебна од различни аспекти. Визуелниот израз на претставата е минималистички и знаковен, со елементи кои имаат јасна функција и смисловност. Токму во тоа беше и сценографскиот предизвик: во дисциплината на редукцијата, прецизноста на деталите и „невидливоста“ на механизмите, преку кои се одвиваат сценските трансформации“ – изјавува Костантин Трпеноски како автор на сценографијата.

Инаку Костантин Трпеноски е македонски архитект и сценограф кој живее и работи во Виена и неговото присуство на драмската сцена е повод, утре на 20 ноември да ја погледнеме уметничката инсталација „Сценариум и имагинариум“ во холот на МКЦ.

„Изложбата претставува пресек од петнаесет сценски дизајни, кои ќе бидат прикажани како дел од привремена уметничка инсталација и придружени со музички теми од претставите. Уметничката инсталација го преобликува постоечкиот простор, третирајќи го истиот како медиум, притоа нудејќи можност за лично доживување и интерпретација кај посетителот. Во изборот се и сценографиите за претставите „Чудна случка со кучето во ноќта“ (2023) и „Макбет“ (2019), двете наградени за најдобра сценографија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп“. – дополнува Трпеноски.

Под мотото „Нашите во светот“ – МОТ годинава носи македонски авторски имиња кои  кои ја прават интернационално видлива, нашата театарска мисла.

Tags: МКЦМлад Отворен Театар
Next Post

Судот донесе одлука за спојување на постапките за пожарот во Кочани и за агенцијата „Рубикон“ што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk