ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжи амандманската расправа за Буџетот 2026: Во фокусот линеарното зголемување на пензиите и споровите за амандмани

November 20, 2025 15:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ангел Ангеловски

Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Во матичната собраниска Комисија денеска продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Освен за поднесените амандмани, дебатата се фокусираше и на поведената постапка на Уставниот суд за линеарното зголемување на пензиите по што дојде до меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, во реплика на амандман поднесен од СДСМ, спомена дека судијката Добрила Кацарска поднела претставка до Уставниот суд за линеарното зголемување на пензиите по што следеа контрареплики од опозицијата.

–  Продолжената рака на СДСМ во Уставниот суд поднела преставка до Уставниот суд за линераното зголемување на пензиите. Сега кога некој им ја зголеми пензијата на пензионерите за седум илјади денари, Кацарска сама поднесува преставка и сака на пензионерите да им ги земе покачувањето на пензиите. ако тоа не е парадокс, не знам што е, рече Стојановски.

Реплицираше Јованка Тренчевска која посочи дека Кацарска е судија известител, а не подносител на иницијативата и оти сите судии ја прифатиле иницијативата. Таа оцени дека Стојановски ја манипулира јавноста. Според неа, власта не сака независно судство, туку сака контрола над судството.

Меѓусебните обвинувања продолжија и за тоа кој поранешен градоначалник од редовите на СДСМ имал стан на шести кат и тргувал со влијание за урбанистички план за што Стојановски најави дека ќе поднесе претставка до ДКСК.

Дел од репликите беа и забелешките од ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ поднесува амандман со кој бара државни пари што ќе ги користи фирма во сопственост на братот на Венко Филипче со седиште во Дојран.

Во моментот во Комисијата е дадена пауза од еден час.

Во претпладневниот дел беа разгледани и но не добија поддршка десеттина амандмани поднесени од опозицијата. Со нив се бараа дополнителни средства за зголемување на платите за 30 проценти во Министерството за надворешни работи и трговија и во конзуларно-дипломатските претставништва, пари за формирање на единствен национален информатички систем за повреди при работа, за субвенции за мали и средни претпријатијата кои спроведуваат циркуларна економија…

Next Post

МВР: Девојка од Србија пријави такси возач во Скопје за недолично однесување, се преземаат мерки

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk