ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

„Карбонара-гејт“ го тресе Европскиот парламент

November 22, 2025 13:03
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, МАГАЗИН
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Главна тема во Европскиот парламент изминативе денови не беше, како што се очекуваше, следната Повеќегодишна буџетска рамка на ЕУ, законот за дефорестација или пакетот за поедноставување, туку карбонарата.

Случајот, кој медиумите веќе го нарекоа „Карбонара-гејт“, го иницира италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида, кој бурно реагираше откако во маркет во комплексот на Европскиот парламент забележал сос со сланина под името „Карбонара“ на чија етикета меѓу другото стои и италијанското знаме, а кој не е произведен во Италија.

Но, користењето на знамето не е единствениот проблем за Италијанците. За нив уште пострашно е што сосот содржи класична сланина, наместо традиционалното гванчијале, кое според италијанските фундаменталисти за храна е незаменлив дел од сосот карбонара. Гванчијале е сушен свински врат, што традиционално се произведува во централна Италија, пред се во регионите Умбрија и Лацио.

– Да ја оставиме настрана сланината во карбонарата… Ова се најлошите производи што звучат италијански. Неприфатливо е да ги гледаме на полиците во супермаркетот во Европскиот парламент. Побарав итна истрага, наведе Лолобриџида во објава на Фејсбук во понеделникот.

По ова, партијата Браќа на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони реагираше до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола поради „употребата на италијанското знаме на сосот за тестенини“ и побарано од неа да започне формална истрага за случајот.

Европратеникот на ФДИ, Карло Фиданца, кој е еден од лидерите на групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦД), оцени дека со производите како овој сос се прекршуваат правилата на ЕУ за означување на храната, кои забрануваат користење на „лажни симболи“ или „повикувања на потекло“.

– Неправилната употреба на симболи или референци, во овој случај, референци за „италијанско“ на производи што не доаѓаат од Италија, може да претставува измамничка практика и затоа треба да биде санкционирана, наведе Фиданца во писмено соопштението.

Според Фиданца, одбраната на автентичноста на италијанските земјоделско-прехранбени производи „не е само битка за идентитетот, туку и прашање на транспарентност и заштита на потрошувачите“.

На ваквите реакции од Кабинетот на Мецола одговорија дека „никој не треба да става карбонара во тегла“, но дека станува збор на производ на приватна компанија и дека претседателката на Парламентот нема надлежност да интервенира. Дополнително од Кабинетот ги упатија европратениците на ФДИ да реагираат до релевантните органи за етикетирање на прехранбените производи.

Инаку, интересно е дека до искажаното незадоволство од страна на Лолобриџида, ниту еден од 76-те италијански европратеници и од уште поголемиот број асистенти и соработници во ЕП или новинари од Италија, не реагираше на продажбата на сосот.

Ова не е прв случај храната да предизвика турбуленции во Европарламентот. Минатата година, реакции поттикна и-мејлот на асистент во Европарламент по потекло од Словачка, Иван Лехотски, кој се жалеше дека западноевропската кујна е нашироко застапена во парламентарните ресторани, додека источноевропските јадења се „речиси целосно отсутни“.

Лехотски дури апелираше Европарламентот да ангажира „барем еден готвач“ од регионот на Источна Европа, кој ќе знае да подготви вистински сегедински гулаш, рибја чорба „халашле“ или чешкиот специјалитет „вепро кнедло зело“, кој се состои од свинско месо, кнедли или компири и кисела зелка.

Мејлот набрзо стана вирален и во поддршка на Лехотски застанаа поголем број негови колеги и други вработени во ЕП, но и европратеници од источноевропските земји.

Tags: ЕПКарбонара
Next Post
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Аца Лукас приведен во Кавадарци: Полицијата го прекина настапот поради низа нерегуларности

Shortcut

Најново

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk