ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Чекајќи го убиството на следниот Ќурувија

November 24, 2025 14:31
in ДЕНЕС, РЕГИОН, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Денес попладне во Белград новинарите од сите белградски редакции ќе протестирааат против нападот врз екипата на телевизијата N1 во центарот на главниот српски град

Специјалното издание на „Вести во боја“ ќе се снима вечерва во близина на Ќациланд, на местото каде што претходно ќе се одржи протестот на новинарите поради нападот врз екипата Н1. Авторот и водител Жељко Вељковиќ изјави во Нови дан, утринската програма на оваа телевизија, дека не се согласува дека вршењето новинарска работа на која било улица во Србија треба да биде прашање на храброст.

Средбата со барање за слобода на известување е закажана за вечерва во 19 часот пред српскиот Парламент, објави Независното здружение на новинари на Србија (НУНС).

Собирот ќе се одржи како израз на професионална солидарност со екипата на оваа телевизија нападната токму на тоа место, како и со сите новинари кои беа цел на напади во минатото додека известуваа во јавен интерес.

На новинарите им беше кажано да дојдат со камери и телефони – симболично и буквално – „за да ја завршиме нашата работа на лице место: да документираме, да поставуваме прашања, да ги евидентираме фактите“.

Екипата на емисијата „Вести во боја“ по протестот ќе започне со подготовки за директен пренос од местото каде што беше нападната екипата N1.

Авторот Жељко Вељковиќ рече дека од неколку причини токму овој напад бил најстрашниот.

„Се случи среде бел ден, кога еден човек веќе осудуван за убиство ги нападнал нашите колеги. Тој не ја напаѓал камерата, туку екипата на N1. Присутните полицајци што ги имало во доволен број немо набљудувале и чекале напаѓачите (од снимките се гледа дека биле повеќе од петмина) да си заминат без да ги сопрат или идентификуваат.

Како што оцени Вељковиќ (на сликата) ова е само предупредување дека ќе се случи и убиство на некој нов Ќуривија (убиство на новинар пред неговиот дом за кој не се диференцираа убијците и налогодателите пред 26 години- н.з.) „Ова е пресметка со медиумите. До сега ваков напад не сме имале”, оценува тој.

Како што рече, вечерва ќе се оди пред Ќациленд, за да се докаже дека тој простор е на сите граѓани (се работи за Пионерскиот парк).

„Доаѓаме без намера да провоцираме никого и ги молам сите да не го прават тоа, бидејќи тоа не би била добра порака ниту за нив. Не се согласувам да имам храброст да си ја работам работата на која било улица во мојата земја“, нагласи тој.

Пораката, рече тој, е да им кажам на сите колеги дека сме со нив.

„Н1 поминува многу повеќе време на терен, новинарите се повеќе експонирани. За нас е важно да знаат дека сме со нив и да покажеме дека нема да се повлечеме откако ќе се скрши една камера. Не, ние ќе известуваме подеднакво се додека имаме камера и глава, а сега сте добредојдени ако сакате да ни ги скршите камерите и главите“, рече тој.

Во продолжение на Новиот ден, утринската програма на оваа телевизија се откри дека дека еден од напаѓачите е осуден на долгогодишна казна затвор за убиство а вториот исто така е осуден на иста таква казна, но додека ја отслужувал во затворот убил друг осуденик само затоа што бил Ром. Требал да отслужу вкупна казна од 19 години. Како се нашле обајцата на слобода не е јасно!


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторот

 

Next Post
Фото: Инстаграм

Били Ајлиш и Џејмс Камерон со заеднички филм - концертниот документарец „Hit Me Hard and Soft“ снимен во 3D

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk