Иако одамна е познато дека Мет Дејмон ја одбил главната улога во „Аватар“, режисерот Џејмс Камерон во ново интервју открива изненадувачки детали за процесот на кастинг. Според него, студиото сакало сосема поинаков актер за улогата на Џејк Сали – а Сем Вортингтон, кој на крајот го доби ангажманот, бил најмалку популарниот избор.
Камерон објaснува дека потрагата по вистинскиот Џејк Сали била долга и темелна. Зои Салдана била избрана прва поради нејзината физичка подготвеност и искуството со движење, но за главната машка улога се водела вистинска битка.
Режисерот организирал серија проби во вистински сценографии – лабораторија, џунгла, снимачка опрема – и ги тестирал кандидатите заедно со Салдана. На крај, изборот се свел на три неафирмирани актери кои подоцна станаа холивудски ѕвезди.
Но студиото имало сопствен фаворит.
„Еден од нив беше Ченинг Тејтум. Студиото навиваше за него,“ открива Камерон, нагласувајќи дека Фокс сакал поизградлив и популарен профил во однос на тогаш непознатиот Вортингтон.
ЗОШТО КАМЕРОН ГО ИЗБРА ВОРТИНГТОН
И покрај силните барања на студиото, Камерон решил да го следи својот инстинкт.
„Сем е тип човек кој би го следел во битка. Имаше интензитет кој веднаш ме погоди,“ изјави тој.
Иако Вортингтон имал „силен австралиски акцент“ кој морал да се коригира, Камерон сметал дека токму неговата суровост и автентичност му го даваат она што го бара за ликот.
Одлуката се покажа исправна: „Аватар“ од 2009 година стана филм со најголема заработка во историјата, а Вортингтон и Салдана ги повторија улогите во вториот дел и во претстојниот „Avatar: Fire and Ash“.
Мет Дејмон, кој ја одби улогата бидејќи веќе беше обврзан на снимање на „Bourne“, подоцна откри дека Камерон му понудил 10 проценти од заработката.
„Рече: ‘Ако ја прифатиш улогата, ќе ти дадам десет проценти.’ Тоа веројатно би ми донело околу 250 милиони долари,“ призна Дејмон.
Камерон денес се шегува дека Дејмон и така „помина добро во кариерата“, но не ја крие фасцинацијата што актерот ја пропуштил можеби најпрофитабилната улога во филмската историја.
НОВИТЕ ХОЛИВУДСКИ ПАТЕКИ НА „ОДБИЕНИТЕ“
Додека фановите го чекаат третото поглавје на Пандора, „Avatar: Fire and Ash“, и другите актери од легендарниот кастинг сосема добро напредуваат.
Мет Дејмон следната година ќе се појави во „Odyssey“ на Кристофер Нолан – еден од најамбициозните филмови на 2026 година.
Ченинг Тејтум, пак, конечно доби место во Марвеловиот универзум и ќе игра во „Avengers: Doomsday“.
Извор: Vanity Fair / Collider / Index.hr
Адаптација: Редакција Фронтлајн




