ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Монографијата „Македонска поетика и стилистика“ претставена на Универзитетот во Загреб

November 25, 2025 11:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Иван Антоновски

Фото: Иван Антоновски

Share on FacebookShare on Twitter

Колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи вчера беше претставена и на Универзитетот во Загреб по промоциите на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања Лука и Скопје. Од тимот велат дека ова капитално дело веќе е во фондот на загрепските библиотеки и ќе биде дел од наставата на загрепскиот Филозофски факултет.

Колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ е наменета за странската читателска публика и во неа се обработени главните поетолошки и стилски движења во македонската книжевност, почнувајќи од средниот век, па сѐ до денес. Изданието е работено според методологијата и насоките укажани и прифатени од Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет и Институтот за славистика на Универзитетот „Карл Франц“ во Грац, Австрија, кои воедно се и издавачи.

Автори на монографијата се Славчо Ковилоски, Марина Цветаноска, Билјана Рајчинова-Николова, Славица Петровска-Ѓорѓевска и Ема Лакинска и професорите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“: Весна Мојсова-Чепишевска, Иван Антоновски и Трајче Стамески, сите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и Бранко Тошовиќ од Универзитетот во Грац.

-Како што беше истакнато од предавачите по македонистика на Универзитетот во Загреб на претставувањето на оваа монографија пред загрепските студенти, таа ќе биде појдовна точка и цврста основа за натамошни истражувања на новите генерации хрватски македонисти од загрепската Катедра за македонски јазик и книжевност, се наведува во соопштението.

Пред загрепските млади македонисти изданието го претставија Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во рамките на манифестацијата „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“ што втора година по ред ја организира македонското културно друштво „Охридски бисер“, под раководство на Ивана Брезовец.

Во рамките на средбата, одделно внимание беше посветено и на знаменитиот македонскиот поет Раде Силјан, во чијашто чест годинава и се одржува манифестацијата, со посебен акцент на централниот настан што денес ќе се одржи во Загреб – по повод 75 години од неговото раѓање и 50 години од објавувањето на првата поетска книга. Од вчера, за загрепските македонисти се достапни и изборот од неговата поезија „Лажно време“ и книгата „Книжевната критика за поезијата на Раде Силјан“ што издавачот „Дијалог“ ги објави по повод двата значајни јубилеи, се наведува во соопштението.

Tags: Македонска поетика и стилистикамонографија
Next Post
Фото: Младински културен центар

„Мајка храброст и нејзините деца“ на Пројковски за затворање на 50. Млад отворен театар

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk