ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Мајка храброст и нејзините деца“ на Пројковски за затворање на 50. Млад отворен театар

November 25, 2025 11:08
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Младински културен центар

Фото: Младински културен центар

Share on FacebookShare on Twitter

Со антивоената приказна на Бертолд Брехт „Мајка Храброст и нејзините деца“ во режија на Дејан Пројковски вечер од 20 часот во МНТ се затвора јубилејното 50. издание на фестивалот „Млад отворен театар“.

-Оваа безвременска драма е третата театарска претстава која Пројковски ја поставува во Новосадскиот театар и која силно резонира со актуелното време во кое живееме исто како во времето кога Брехт ја напишал. Мајка Храброст доаѓа – продава чизми, гас-маски, борбен дух натопен во крвава пареа, солзи и религиозно лудило. Таа е хиената на бојното поле, некрунисаната кралица на воениот капитализам. Оваа претстава е искрена, трогателна семејна сага за тоа како војната ги голта своите деца – но и за тоа како работата мора да продолжи, без разлика на сè, соопшти Младинскиот културен центар, организатор на МОТ.

Пројковски пред изведбата на претставата на МОТ вели дека „живееме во специфични времиња во кои времето се мери според војните и жртвите“ и дека „историјата не нè научи да се промениме на подобро“. Додава дека претставата е универзална приказна за војната, антивоена драма, но и антидрама со структура на античка трагедија.

-Човештвото лесно заборава и повторно се враќаме на истите состојби. Играме слични игри, повторуваме исти трагедии. Светот постојано произведува крв и детски солзи. Достоевски нè потсетува дека никаков идеал не вреди кога ќе падне и само една детска солза. „Мајка Храброст“ е огледало кое го открива вистинското лице на општеството и човекот. Таа, како и човештвото, постојано ја губи својата суштина. Живееме во свет на амбалажа, без суштина каде што се сè препакува. „Мајка Храброст“ е како Сизиф кој повторно и повторно ги води своите деца низ војната и ги губи. Тоа е бескраен циклус. Ме потсетува и на Диоген кој со свеќа во рака бара каде исчезнал човекот, што се случува со него во војната, но и во кризите како короната, бидејќи секогаш кога амбалажата ќе падне суштината ја нема. Претставата е универзална приказна за војната, антивоена драма, но и антидрама со структура на античка трагедија. Во античката трагедија има катарза, но овде таа се трансформира во V-ефект – ефект на отуѓување што се раѓа во спојот помеѓу актерите и публиката, вели  режисерот.

Покрај Пројковски, дел од македонската авторска екипа за оваа претстава во изведба на театарот од Нови Сад се и: Олга Панго – кореограф, Валентин Светозарев – сценографија, Горан Трајковски – музика и Стефан Светозарев – дизајн на постер.

Во „Мајка Храброст и нејзините деца“ играат актерите: Емина Елор, Дина Дедовиќ Томиќ, Даниел Тот, Чаба Бенце Кемивеш, Золтан Ширмер, Роберт Ожвар, Арпад Месарош, Иштван Кереши, Атила Немет, Даниел Хуста, Габриела Црнковиќ, Даниел Гомбош, Габор Понго, Бенце Салаи, Ливиа Банка.

Tags: Мајка храброст и нејзините децаМОТПројковски
Next Post
Фото: Амабасада на Австралија

Изложба во МСУ на автохтона уметност на текстил од Женскиот центар Бабара од Австралија

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk