Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска предупреди дека нема да има мир во Либан без гаранции за безбедноста на Израел.
– Нема да дозволиме никаква закана за жителите на север, максималниот притисок ќе продолжи, дури и ќе се интензивира, рече Кац во израелскиот парламент.
Тој додаде дека без безбедносни гаранции за Израел, „нема да има мир во Бејрут ниту ред и стабилност во Либан“.
Израел ги интензивираше воените операции во Либан во последните недели, и покрај договорот за прекин на огнот.







