ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН најавува нов Закон за високо образование до 25 декември

November 26, 2025 12:39
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

До 25 декември се очекува на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) да биде ставен на јавна расправа новиот закон за високото образование. Исто така, наскоро ќе има нова нацрт-концепција за гимназиското образование откако поради реакции на почетокот од годинава беше повлечена првата нацрт-концепција.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на панел-дискусија соопшти неколку новини во новото законско решение за високото образование кои треба да го подобрат квалитетот на наставата на факултетите за да се подигне позицијата на нашите универзитети на Шангајската ранг-листа.

Посочи дека ќе бидат зајакнати критериумите за избор во звања на факултетите односно за премин од асистент во доцент, вонреден и редовен професор, со цел, како што рече, на тој начин тие да бидат мотивирани и стимулирани за нивниот лични напредок и да придонесат за општеството.

-И на тој начин да постигнеме број на објавени трудови во списанија со импакт-фактор што ќе ни помогне да се придвижиме нагоре на ранг-листите. Подолг период како Влада и јас како министер промовираме барем еден, а јас би сакала сите државни универзитети, да се поткачат на Шангајската листа, затоа што ние сме невидливи и нè нема на листите за рангирање. Оттука, за да можеме тоа да го постигнеме, мора некако да ги мотивираме наставниците малку повеќе да се вклучат во научно-образовните процеси, изјави Јаневска по панелот за образование и наука во рамки на форумот „Соработка на владата и граѓанското општество“.

Покрај оваа, ќе има и голем број други новини во новиот закон. Меѓу нив, рече, е растоварување на студентското организирање од влијанието на факултетите и изнаоѓање најдобар начин за финансирање на универзитетите кои ќе покажат резултати.

-Имаме измени и во правец на избор на раководствата, дела кои ќе го следат успехот на факултетите, ја дорегулираме и улогата на Националниот совет кој е од исклучително значење. Во исто време го работиме и законот за квалитет во високото образование каде што правиме комплетна реформа на Агенцијата за квалитет во високото образование и науката, по консултација со домашни и странски експерти, кои исто ќе влијаат на квалитетот на образованието, а се поврзани со законот за високо образование, рече Јаневска.

По повлекувањето на нацрт-концепцијата за гимназиско образование  поради реакции кои главно доаѓаа од општествените науки, министерката на панелот соопшти дека наскоро ќе има нова нацрт-концепција различна од претходната.

-Ќе биде различна од претходната. Новата драфт-верзија ја подготвува Бирото за развој на образованието во договор и комуникација со Министерството затоа што заеднички ги правиме анализите. Во овој момент одиме во два смера – првите две години општи, а трета и четврта година – еден насочен кон природно-математичките науки, другиот насочен кон општествените науки. Релативно брзо очекувам драфт-верзијата на оваа концепција да ја види виделината и да биде ставена на јавна расправа, изјави Јаневска.

Tags: Закон за високо образованиеМОН
Next Post
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Францускиот предлог не трпи одлагање, Македонија пред клучна одлука

Shortcut

Најново

Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk