ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Мозокот го достигнува врвот во 32-та година: Истражување од Кембриџ утврди пет развојни фази на човековиот мозок

November 26, 2025 11:10
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Мозокот останува во својата адолесцентна фаза до раните 30-ти години, кога го достигнува својот „врв“, покажува ново научно истражување на тим од британскиот Универзитет на Кембриџ. Научниците, притоа, откриле дека мозокот минува низ различни фази во животот, со пет важни „пресвртни точки“ на возраст од 9, 32, 66 и 83 години.

Научното истражување е објавено во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature Communications). Околу 4.000 луѓе на возраст до 90 години биле подложени на скенирање на мозокот, со цел да се проследат врските меѓу мозочните клетки. Тимот научници велат дека резултатите би можеле да помогнат да се разберат причините за можноста за ментални нарушувања и деменција и нејзиното варирање во различни точки од животот. Додека мозокот постојано се прилагодува на ново знаење и искуство, според податоците – неговиот развој не следи рамна и рамномерна линија од раѓањето до староста, туку се движи во фази.

– Мозокот се поврзува повторно и повторно во текот на целиот живот. Врските постојано се зајакнуваат и слабеат, но тоа не се случува на ист начин – постојат флуктуации и различни фази, изјави водечката авторка, д-р Алекса Моусли, за Би-би-си.

Така, петте фази на мозокот се: Детство – од раѓање до 9 години, младост или адолесценција – од 9 до 32 години, зрелост – од 32 до 66 години, рана старост – од 66 до 83 години и доцна старост – по 83 години. Научниците нагласуваат дека овие точки на возраст може да се појават малку порано или подоцна кај поединечни луѓе, но во податоците, овие четири „пресврти“ изненадувачки јасно се издвојуваат.

Што се случува во поединечните фази?

Моусли вели дека била изненадена од тоа колку добро различните возрасни групи се совпаѓале со важните животни фази – ран пубертет, здравствени проблеми подоцна и големи социјални промени околу 30-годишна возраст, како што е родителството.

Детство: Првиот период од животот е обележан со брз раст на мозокот, но и со „проретчување“ на излишните врски (синапси) што се создаваат рано во животот. Во оваа фаза, мозокот работи помалку ефикасно – на пример, детето бесцелно талка низ паркот, наместо да оди директно од точка А до точка Б.

Младост: Околу деветгодишна возраст, кај човековиот мозок се случува остра промена – мозочните врски влегуваат во период на т.н. „беспоштедна ефективност“, се вели во написот. Д-р Моусли го дефинира ова како „најдраматична транзиција“ меѓу фазите – кога ризикот од развој на ментални нарушувања е највисок. Адолесценцијата почнува со пубертет, но според новите наводи, завршува многу подоцна отколку што се сметаше претходно – не во тинејџерските години, туку во раните 30-ти. Ова е и единствената фаза во којашто невронската мрежа станува поефикасна, што ја поддржува тезата дека мозочните функции достигнуваат врв на возраст од околу 30 – 32 години.

Зрелост: Ова е најдолг и најстабилен период, околу три децении. Промените се случуваат побавно, но насоката се менува: Подобрувањата на вештините постепено почнуваат да бледнеат. Истражувачите забележуваат дека ова се совпаѓа со добро познатото „плато“ на интелигенцијата и развојот на личноста.

Рана старост: Транзицијата кон стареењето почнува околу 66-годишна возраст, но не како ненадеен колапс. Напротив, врските меѓу мозочните области се преуредуваат – наместо да работат како единствен систем, мозокот се дели на потесно поврзани „локални групи“, како кога музичарите започнуваат солопроекти. На оваа возраст често почнуваат да се манифестираат деменцијата и високиот крвен притисок, коишто влијаат на здравјето на мозокот.

Доцна старост: Околу 83-годишна возраст почнува последната фаза. Податоците за оваа фаза се поограничени бидејќи е потешко да се најдат здрави мозоци за споредба. Промените се слични на раното стареење, но поизразени.

Истражувањето не ги дели податоците по пол, што го остава отворено прашањето за разликите меѓу мажите и жените, вклучувајќи го и влијанието на менопаузата.

Професорот Данкан Астл од Кембриџ – кој е дел од тимот, нагласи дека многу ментални и невролошки состојби се поврзани со начинот на кој мозокот е „поврзан“. Тој смета дека разликите во тие врски би можеле да предвидат проблеми со вниманието, јазикот, меморијата и низа однесувања. За професорката Тара Спирс-Џонс од Единбург, која не учествувала во научните испитувања, овој научен труд е одличен и јасно покажува колку мозокот се менува во текот на човековиот живот – иако не за секого на иста возраст.

Tags: мозок
Next Post

Ројтерс: Американскиот мировен план за Украина е извлечен од руски документ

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk