ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Иднината на Македонија е во ЕУ, сè ќе сториме во наша моќ да ја реализираме таа стратешка цел

November 27, 2025 16:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук Мицкоски

Фото: Фејсбук Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во врска со извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и во однос на преземените чекори кон евроинтеграциите, ги потенцираше специфичните условувања кон Македонија, билатерализацијата на патот кон членство во Унијата, се наврати на однесувањето на минатите влади и неколкупати прифатените условувања вон Копенхашките критериуми, но и посочи на конкретни преземени мерки во овој период наведени во извештајот на ЕК. Притоа напомена дека ваквиот однос и оценување од страна на ЕК во извештајот не треба да биде причина за евроскептицизам, ниту пак да биде модел за исполнување на сè што е ставено на маса, а притоа да се нема гаранции дека друго, освен зацртаните критериуми нема да го попречат патот.

„Не треба да имаме дилема ниеден во Собранието дека иднината на Македонија е во рамките на ЕУ. Се разбира дека пристапот до реализирање на таа цел е поинаков. Претходната влада имаше пристап дека со тоа што ќе потпишуваат и прифаќаат сè што ќе им е ставено на маса ќе им бидат простени криминалот и корупцијата и сето она што беше заштитен знак за нивната влада и дека ако стават потпис на секој од документите ставен на маса, некој од таму на магичен начин ќе ги остави на власт и ќе продолжат сложно да ги крадат граѓаните и државата. Но, граѓаните избраа лани на изборите, по која патека и траекторија ќе се движи државата, а тоа е траекторијата на правичност многу работа правичност, чесна работа согласно законите и работа којашто дава испорака за граѓаните. И тука оваа влада не ги двои граѓаните, ниту по етничка, ниту по верска или политичка припадност и така ќе продолжи да функционира.

Заедничка цел на сите нас е да бидеме дел од ЕУ. За тоа треба да ги завршиме преговорите, но пред да ги завршиме треба да ги започнеме. Многу пати до сега високи функционери на претходната влада, почнувајќи од претходните премиери, ни ја кажуваа невистината, дека сме ги почнале преговорите, дека преговараме, дека имаат добра вест, проследени со објавувани селфи-фотографии од авиончиња, од бротчиња, од понекоја јахта од Егејското Море итн. како еве патуваме кон Европа, возот е незапирлив само што не сме стигнале, а во суштина се наоѓаме на истото место каде што бевме за жал пред 25 години. На самиот почеток. И ние сме единствениот случај, во којшто не можеме да напредуваме, затоа што имаме активна блокада, активно вето, поради билатерални прашања. Прво тоа беше спорот со нашиот јужен сосед, спорот за името на државата, па на начин на којшто сите бевме сведоци се случи таа промена, а сега е повторно нова измена на Уставот, којашто претходната Влада го суспендираше Парламентот и прифати нешто коешто не успеа да го испорача и сега е дел од заклучоците на Европскиот совет дека ние треба тоа да го направиме без притоа да имаме јасна гаранција и предвидливост дека и тоа да се направи, дека ние ако ги завршиме преговорите и сето тоа што треба да го завршиме, бидеме дел од ЕУ, и дека нема да има дополнителни блокади поради билатерални прашања. Влегоа во таа авантура, реков кој беше мотивот на претходната Влада“, посочи премиерот Христијан Мицкоски во својот одговор.

„Тоа не е начин на размислување на оваа влада, напротив размислуваме сосема поинаку. Сè ќе сториме во наша моќ за да стигнеме и да ја реализираме таа стратешка цел, но мора тоа да биде без двојни стандарди, да биде согласно Копенхашките критериуми и мора да имаме двонасочна улица. Не може улицата да биде еднонасочна, бидејќи за името на европската цел и за името на европските интеграции граѓаните на Македонија направија многу отстапки во минатото, ако тргнеме од промената на банкнотите, преку промената на знамето, потоа промената на името, Уставот неколку пати“, дециден е Мицкоски.

Next Post

Уставен суд го демантира Мицкоски: Линеарното зголемување на пензии не е укинато

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk