ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

САД ги суспендираат сите имиграциски апликации од Авганистан по терористичкиот напад во Вашингтон

November 27, 2025 09:56
in ДЕНЕС, СВЕТ
Генерирано со ВИ

Генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Имиграциските служби на САД соопштија дека на неопределено време го стопираат процесирањето на сите апликации од авганистански граѓани, откако двајца војници на Националната гарда беа тешко ранети во Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп го оквалификува пукањето во близина на Белата куќа како терористички напад и изјави дека напаѓачот дошол во САД од Авганистан во 2021 година.

Трамп побара сите имигранти од Авганистан кои пристигнале во САД за време на мандатот на поранешниот претседател Џо Бајден да бидат повторно проверени. Тој, исто така, нареди испраќање на дополнителни 500 војници од Националната гарда во Вашингтон.

Министерството за внатрешна безбедност го идентификуваше осомничениот за пукањето како Рахманула Лаканвал. Според американски медиуми, тој поднел барање за азил во 2024 година, а администрацијата на Трамп го одобрила во април 2025 година. Според секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем осомничениот влегол во САД со условна дозвола во рамките на операцијата „Добредојде на сојузниците“ на 8 септември 2021 година, за време на администрацијата на Бајден“.

Шефот на ФБИ, Каш Пател, изјави дека двајцата војници од Националната гарда, кои беа застрелани вчера се во критична состојба.

– Она што го знаеме… е дека истрелите беа насочени. Изгледа дека едно лице пукало кон овие членови на Националната гарда. Тоа лице е уапсено, рече градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, на истата прес-конференција.

Претходно, гувернерот на Западна Вирџинија, од каде што потекнуваат застреланите, изјави на социјалната мрежа „Икс“ дека тие им подлегнале на повредите. Сепак, тој малку подоцна изјави дека добива „контрадикторни информации“ за нивната здравствена состојба.

Tags: Авганистанимиграциски апликацииСАД
Next Post
Скриншот

Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, бара 179 вработени назначени од неговиот претходник да поднесат оставка

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk