Автопатот Гостивар Букојчани го градиме интензивно. Веќе 17 километри се пробиени со кои се заобиколува популарната „Стража”, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски каде сподели и видео:
„Интензивни градежни активности на автопатот Гостивар – Букојчани, дел од Коридор 8, делница Скопје – Струга – Охрид. Веќе 17 километри се пробиени со кои се заобиколува популарната „Стража“. Ја градиме Македонија!” – објави вицепремиерот Николоски







