Ко-лидерот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD), Тино Крупала, изјави дека неговата партија ќе исклучи член обвинет за држење говор на начин сличен на Адолф Хитлер на партиски состанок минатиот викенд, објави ПОЛИТИКО.
Инцидентот се случил во саботата во градот Гисен, каде што AfD го одржа основачкиот конгрес на своето ново младинско движење „Генерација Германија“.
Малку познатиот член на AfD, Александар Ајхвалд, се качи на сцената облечен во сино сако, црна вратоврска и залижана коса. Во својот говор за аплицирање за висока позиција во младинската организација, тој се чинеше дека зборува и гестикулира како озлогласениот лидер на нацистичка Германија, пипува ПОЛИТИКО.
„Наша национална должност е да ја заштитиме германската култура од странско влијание“, рече тој, свиткувајќи го своето „Р“ и зборувајќи во каденца што потсетуваше на Хитлер.
Крупала изјави во телевизиска емисија во понеделник вечерта: „Тој веќе го доби известувањето за исклучување од партијата и ќе ја напушти партијата. Не сакаме луѓе како [него] во нашата партија.“, изјави Крупала. Тој го нарече говорот „лоша сатира“ и рече дека Ајхвалд се приклучил на АфД пред само два месеци.
По говорот на Ајхвалд, членовите на АфД прашаа дали неговиот придонес бил сериозно смислен. Еден член го праша дали бил доушник за домашната разузнавачка служба на Германија.
Д. Т. / Цивил Медиа





