ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Ќе има промени во партијата мојот нов мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе го посветам на подобар живот и услови за секој граѓанин

December 2, 2025 08:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На конгресот во Кавадарци ќе бидат донесени неколку стратешки документи со кои ќе треба да ја моделираме иднината на партијата и нормално како најголема политичка партија во државата, тоа секако ќе има и ефект врз работењето на Владата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во вечерашното гостување на МТВ, Мицкоски истакна дека ова е негов трет мандат, потсетувајќи дека официјално ја презел партијата во тешка и сложена состојба, но дека успеал, како што нагласи, да ја консолидира партијата и да издвојува убедлива победа на парламентарните, претседателските и локалните избори.

-Јас официјално партијата ја зедов од 2018-та година во една многу тешка и сложена ситуација, во едни многу тешки и сложени околности за Македонија и генерално за граѓаните. Ако мојот прв мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа времето на консолидирање, реструктурирање, и прегрупирање на внатрешните редови, потоа тоа продолжи во вториот мандат кога партијата победи убедливо на парламентарните и претседателските избори, на крајот на првиот мандат победивме убедливо на локалните избори, и враќање во позиција во која денес се наоѓаме да биде ВМРО-ДПМНЕ најголемата партија и веќе година и половина носител на владата, рече Мицкоски.

Премиерот напомена дека овој трет мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ очекува да го одбележи периодот на големи реформи и подобар живот за граѓаните во државата.

-Очекувам третиот мој мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ да го одбележи периодот на големи реформи и подобар живот за граѓаните во државата, потенцираше Мицкоски и додаде дека ќе има промени во партијата. Се уште не сум размислувал какви промени ќе има после конгресот. Фокусирани сме на конгресот и на тоа што таму ќе го донесеме одлуки и за функционирање на партијата. Но, дека по  конгресот ќе има промени во рамки на партијата, да, ќе има, дециден е Мицкоски.

Во однос на имињата кои се спомнуваат за генерален секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, Ивица Томовски и Драган Ковачки, Мицкоски кажа дека не би коментирал, но сите имиња кои се спомнуваат се личности кои, рече, оставиле белег во рамки на партијата.

-Не би коментирал сега за било какви имиња или за било какви би рекол поместувања во рамките на водството на партијата. Сите овие имиња коишто ги спомнавте се луѓе коишто оставиле белег во рамките на партијата изминатите години. Сите тие се прекрасни луѓе, тоа се мои пред сè другари и луѓе со коишто сме се бореле за да постигнеме и да издвојуваме победи на изборните циклуси, но и во секојдневни победи во предизвиците коишто ги имаме. Така што секој од нив е значајна алка во рамките на функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Мицкоски.

За тоа дали се планира промени на потпретседателските места, Мицкоски објасни дека се уште нема одлука со кои предлози ќе излезе пред Централниот комитет – мора прво да заврши конгресот, па потоа да донесе одлука.

-Не сум донел конечна одлука за тоа кој идеи и кои предлози ќе излезам пред Централниот комитет откако ќе заврши конгресот. Најпрво првиот чекор, да ја добијам довербата на делегатите на конгресот, да бидам претседател на ВМРО-ДПМНЕ, па дури потоа ќе можеме да зборуваме за чекорите коишто ќе следат потоа, порача Мицкоски

Next Post
Фото: Х, Макрон

Макрон: Мировниот план може да биде склучен само со одобрение на Зеленски и Европа

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk