ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Иницијативата „САПОРТ КОЧАНИ“ доби златен сертификат за волонтерство

December 3, 2025 15:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) од 2006 година востанови Национални волонтерски награди. По јубилеен 20-ти пат, целта е оддавање на јавно признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности.

„Оваа година доделуваме 1 златен сертификат за волонтерство: ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2025 ГОДИНА на волонтерската иницијатива SUPPORT KOCANI (САПОРТ КОЧАНИ)

Зошто?

Иницијативата Support Kocani, активирана веднаш по трагичниот настан што го погоди Кочани и кој ја потресе целата држава и пошироко, ја водат посветени волонтери. Нивниот несебичен придонес за помош на семејствата на загинатите и повредените во време на болка и тага, ја покажува силата на волонтерството кое во својата суштина има помагање во заедницата, солидарноста и мобилизација на ресурси за самопомош.

Support Kocani е интернет кампања која обединува повеќе организации, физички и правни лица кои имаат извршено донација на трансакциските сметки на повредените и роднини на загинатите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани која се случи на 16 март 2025 година или на било каков друг начин со свој личен придонес помагаат во реализација на давање помош“, се истакнува во соопштението.

– Во време на болка, солидарноста е најголем лек. Никој нема да биде сам. Делата зборуваат многу погласно од зборови, а ние не застануваме – продолжуваме посветено и одговорно, сè додека постои потреба и сè додека има луѓе што веруваат во хуманоста. Солидарноста и хуманоста се силата што нè движи напред. Речиси 8 месеци, ние како волонтери, не престануваме со нашата мисија, и остануваме да се бориме и да стоиме покрај секој еден од засегнатите, како и од самиот почеток. Нашата главна цел никогаш не беа бројките, туку луѓето.  И тоа ќе остане така. Затоа и ќе продолжиме да помагаме на оние што се борат и оние што тивко болат.“ – велат волонтерите од Support Kocani.

 

Next Post
Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

Утврдено картелно однесување меѓу десет осигурителни компании

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk