ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Гответе со Мицкоски, РЕЦЕПТ за лага од кујната на ВМРО-ДПМНЕ – Долго готвена ИПАРД каша

December 3, 2025 11:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку сатирична форма и „кулинарски рецепт“, СДСМ реагира на, како што наведува, континуираната кампања на дезинформации што доаѓа од кујната на ВМРО-ДПМНЕ, насочена кон ИПАРД-фондовите и поранешни и актуелни функционери. Во соопштението, партијата обвинува дека станува збор за веќе видена стратегија – долго „динстани“ лаги кои се вадат од фрижидер секогаш кога се приближуваат избори и кога јавноста треба да биде заморена и збунета.

Според СДСМ, во оваа политичка „каша“ намерно се мешаат имиња како Зоран Заев и Венко Филипче, заедно со поранешни функционери и семејни релации, со цел да се префрли вниманието од суштината – дека ИПАРД се европски средства со строги правила и дека злоупотребите, доколку постојат, водат кон одговорност. Во тој контекст, партијата порачува дека актуелната реторика е обид за дефокусирање од сопствените проблеми и одговорноста на врвот предводен од Христијан Мицкоски.

Во прилог соопштението од СДСМ:

„Гответе со Мицкоски, РЕЦЕПТ за лага од кујната на ВМРО-ДПМНЕ: Долго готвена ИПАРД каша

За оваа лага ви се потребни:

Зоран Заев – 1
Венко Филипче – 1

СДСМ поранешен министер – еден прстофат

И пар роднини од Заев, по можност браќа, братучеди, море било кој.

Како ја подготвуваме оваа лага:

Еден Заев.

Е сега, бидејќи Заев е жилав, мора долго да се динста. Дури и 5 години откако е во политичка пензија, можеби ќе треба и повеќе. Сепак, го туна режимот, со години беше за продолжување на патот кон ЕУ и уште ја внесе Македонија во НАТО. Тоа бара повеќегодишно динстање со лаги.

Еден Венко. Тука е дополнителен проблем. Тој е прилично нов и свеж, па мора да се измеша со нешто долго динстано. На пример, Заев, кого претходно сте го маринирале.
Ја добивте основата. Сега одат додатоците. Најдобро е да додадете неколкумина од семејството Заев. Одлично се сложуваат со Зоран, а и нив претходно сте ги динстале, па низ цедалка сте ги пропуштале, сега како зеленчук усогласете ги со Венко.

Сега сте веќе близу крајот, но не заборавајте уште некој министер. Одлично се сложува со сево ова. Најдете некој поранешен министер, нормално од СДСМ градината, и доволен е еден прстофат. Ова дава посебен шмек!

Некој ќе рече не оди баш тоа… само кажете: прво пробајте, па потоа кажете.

Сега стигнавме до крајот со состојките. Сега е важно многу да мешате, секојдневно и долго, за да не изгори. Многу лаги има тука, може дното да се фати.
Гответе го ова на тивок оган додека не се приближат изборите. Потоа засилете на максимум.

Многу е важно да мешате многу и долго, додека на граѓаните не им се заврти во глава. Кога сивата маса ќе стане каша, немојте да престанете, продолжете повторно силно.
Оваа постапка можете да ја повторувате колку што мислите дека е потребно или додека состојките не се стопат.

Тоа е тоа!

Кашата е готова.

Пријатно!

Тоа ви е накратко врвниот рецепт од кујната на ВМРО ДПМНЕ за лаги.

Пробајте, се подготвува веќе со години. Оваа каша стана специјалитет во Македонија.

Ако не знаете сами, секогаш можете да го најдете главниот готвач или некој од помошниците од кујната на ВМРО.

ВМРО има многу добри готвачи.

Учеа од најдобриот шеф Груевски. Носител на 5 ѕвезди за кражба.

БОНУС
(Секој рецепт има и мали тајни)

Мали тајни на големите готвачи на лаги.

Никому не кажувај.

Еве ја тајната за овој рецепт:

ИПАРД е фонд на ЕУ.

Парите се чисто од буџетот на ЕУ.

Мерка 1 (М1): Инвестиции во земјоделски стопанства (на пр. купување трактори, механизација, изградба на објекти, подобрување на продуктивноста и усогласување со ЕУ стандардите за животна средина, здравје и добросостојба на животните).

Се добиваат како рефундација откако вие ќе ги вложите своите пари и ќе докажете дека сè е направено според правилата на ЕУ.

Правилата на ЕУ се многу ригорозни, па кога некој ќе злоупотреби, може да одговара.

На пр. Директорот, Панкерот и кумовските врски на Мицкоски.

Е сега кога е криза, бидејќи полека ЕУ дознава за твоите мали тајни, тогаш го апсиш некој поркај „кумот“ за да не настрадаш ти.

Наскоро уште нови рецепти од Белата палата и кујната за лаги!

Голем кулинарски поздрав со повикот: ВМРО-ДПМНЕ ЛАЖЕ!

А што народот вели: кој лаже, тој и краде!“

Next Post
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Пуштени од притвор Могерини и Санино по сослушувањето во антикорупциската истрага на ЕУ

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk