ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Проф. д-р Пендаровски (2): Вицепремиерот не крие дека работи за „српски свет“ и експлицитно против НАТО и ЕУ

December 4, 2025 10:35
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ го објавува и целосниот транскрипт од вториот дел од големото ексклузивно интервју со проф. д-р Стево Пендаровски, поранешен претседател на Република Северна Македонија и еден од најискусните аналитичари за безбедност, разузнавање и геополитика во регионот и пошироко.

Во ова интервју Пендаровски проговори отворено, аргументирано и со невидена прецизност за хибридните операции што ја погодуваат земјата – и ги изговори можеби најострите предупредувања досега. Во вториот дел од интервјуто отворено и прецизно одговара на прашањето за влијанието на Србија и концептот на „српскиот свет“ врз стабилноста на Северна Македонија и регионот.

ЦИВИЛ: До која мера Србија е закана за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, на регионот воопшто и исто така во тој контекст и во однос на нашата земја? И ако погледнеме како се одвиваат односите меѓу двете земји, тоа е практично една братска држава во која не може да се гледа класична закана. Меѓутоа, како однесувањето на Србија како држава и српскиот политички врв се однесуваат во релација на безбедноста и стабилноста на регионот воопшто? Па тука припаѓаме и ние и се разбира прашањето е дали е тоа само политички проект или е дел од една поширока поопстојна стратегија која произлегува од Москва? Колку е тоа различно, колку е тоа споено и е координирано?

ПЕНДАРОВСКИ: Една реченица околу последнава теза, колку е тоа исто, колку е различно. Генезата на настанување на рускиот свет е не само временски, но пред се временски различна од настанувањето на тој концепт кој го дефинираме како српски свет. Со други зборови кажано, концептот на српскиот свет влегува во претходно одамна поставените постулати на рускиот свет и се обидува да ги оствари своите национални интереси што е легитимно.

Значи тоа не се прави руски свет денеска, а од понеделник ќе правиме други помали светови кои ќе ја туркаат нашата агенда. Тоа е стратегија која многу помали држави ја правеле низ историјата. Најдобро е на пример кога се осамостојуваше како држава 90-тите, тоа го правеше Хрватска, Словенија и ние го правевме. Најдобро е ако можеш твоите национални аспирации за посебна држава, за независна држава, ако можеш да ја вклопиш во големите планови на големите држави, зашто самостојно не можеш да дојдеш до независноста.

Значи српскиот свет е понова рожба, така да кажам, понова рожба е. Меѓутоа, јас сега во однос на влијанието на руско-српскиот свет во регионот имам една сосема поинаква дефиниција од она што е мејнстрим досега. Јас тврдам дека од Србија, прашувате конкретно за нивното влијание во регионот, јас тврдам дека од Србија нема никаков притисок или заложба експлицитна за ние како држава влеземе во тој свет.

Јас тврдам дека нашите политички гарнитури, не сите, се разбира, некои и до одреден степен, сакаат самите да бидат дел од тој свет. Гледајте, за да ја поткрепам последнава теза, има и низа, има серија конкретни потези од наша страна кои тоа го покажуваат, меѓутоа најсоголено кажано, кои се тие неколку димензии на рускиот свет, ако сакате и на српскиот свет. Во рускиот свет спаѓаат етничките Руси, оние кои зборуваат руски јазик, а не се етнички Руси и верниците на Руската православна црква. Пренесете го тоа во регионален контекст, етнички Срби, српски јазик, Српска православна црква. Во Македонија доминантниот народ не се Срби, туку се Македонци. Ние имаме посебна црква, македонска православна, не сме на ниеден начин дел од српската православна црква, иако имаше и такви заложби на времето, среќа отпаднаа, како историски анахронизам, неповрзани со конкретната реалност на терен и овдека иако имаме заедничко искуство од Југославија, многу мал број од Македонците, особено помладата генерација, зборува српски јазик.

Значи, ги немаат тие базични културолошки претпоставки или етнички за вие да бидете по дефиниција, или се очекува да бидете дел од српскиот свет, Тогаш зошто ние се повеќе и повеќе среќаваме во релевантни европски извештаи дека Македонија, Северна Македонија, станува дел од, има декларација, има резолуција на Европскиот парламент која нѐ спомнува токму во тој контекст пред два месеци, изгласана со огромно мнозинство. Затоа што постои политичка гарнитура, не комплетната се разбира, меѓутоа значајни чинители во рамки на таа гарнитура кои сакаат да бидат дел од тој свет. И конечно ако имате потпретседател на влада кој не крие дека работи за интересите на тој свет и дека е експлицитно против НАТО и Европската унија, вицепремиер на влада, вие не можете да тврдите дека тоа е некој политичар на маргини кој нема никакво влијание во оформувањето на круцијалните стратешки политики на нашава држава. Значи, на многу места може да се детектира дека практично вие велите да ние сме членки на НАТО, меѓутоа, де факто, сакаме да бидеме дел малку и од овој другиот свет. Тоа не се случуваше до 2024 година.

Значи, не зборувам сега за популацијата во целина, зборувам за политичката елита која секој пат и секаде во било кој историски период ги предодредува магистралните правци по кои треба да оди една нација и една држава.

Не може да очекувате вие од обичниот човек не знам кој работи, кој крпи едвај од први до први, да ви постави магистрален правец, да рече Македонија од денес па наредните 50 години ја гледаме таму вкотвена, туку тоа е работа на оние кои ги бираат луѓето да ја водат државата.

Значи кога водиш треба да знаеш каде водиш и зошто водиш, не само за да бидеш некаде. Ние не отидовме во НАТО затоа што беше модерно или затоа што ај сите прават така, него затоа што имаме конкретна придобивка.

Инвазијата руска во Украина покажува дека е одлично што на време, да кажам во наводници, и преку време дури подоцна по мене, меѓутоа сепак на време го фативме последниот воз да влеземе во алијансата. Инаку да бевме сами, сега во оваа ситуација, во овие силни геополитички бури кои дуваат низ континентот, не знам колку ќе бевме и од безбедносен аспект стабилни.

Џабир Дерала
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска
Продукција: ЦИВИЛ Медиа


CC BY 4.0 | дозволено е преземање со задолжителна атрибуција – линк и извор |
Преземено: ЦИВИЛ Медиа
Next Post
Скриншот

Продолжуваат воведните зборови на одбраната, родителите на загинатите деца во „Пулс“ бараат одговорност и правда за загинатите деца

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk