ЦИВИЛ ја започна деветдневната општествена, стратешка и мултимедијална програма „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, посветена на човековите права, демократската отпорност и современите хибридни закани кои се закануваат на слободата и стабилноста на општествата.
Програмата ќе се одвива од 5 до 12 декември 2025, со продолжение на 15 декември, низ низа настани што ги поврзуваат медиумите, институциите, граѓанското општество, младите и меѓународната заедница. Програмата на прес конференција ја презентираше Биљана Јордановска, ЦИВИЛ:
Клучни компоненти на програмата
5 декември – Отворање и прес-конференција
Со официјална најава, клучни пораки и претставување на партнерите започнува деветдневната иницијатива.
5–8 декември – Медиумска акција и вмрежување
Интензивна кампања со јавни повици, интервјуа, младински активности и презентации на мониторинг-наоди, придружена со проширување на соработките и воспоставување нови партнерства.
8 декември – Меѓународна соработка и брифинг
Онлајн брифинг со меѓународни медиуми и организации, со фокус на хибридните закани и главните теми на програмата.
9 декември – Демократска отпорност: национални и регионални перспективи
Стратешки тркалезни маси со експерти, институции и граѓански организации за зајакнување на демократската инфраструктура и механизми за отпорност.
10 декември – Ден на човековите права
Јавно обраќање, младинска работилница и уметничката инсталација „Human Rights Alive – Човековите права: живи“, посветена на слободата, достоинството и човековата безбедност.
11 декември – Фокус на вештачката интелигенција
Медиумски брифинг и стратешка дискусија за тоа како АИ влијае врз конфликтите, авторитарните тенденции, изборните процеси и иднината на демократијата.
12 декември – Меѓународна конференција
Експерти и учесници од Македонија, регионот, Европа и САД ќе дебатираат на три стратешки панели:
– Украина и глобалната борба за демократија
– АИ, дезинформации и светот во ерата на пост-вистината и пост-срамот
– Европска и глобална демократска отпорност
15 декември – Завршен настан
Претставување на Извештајот од Локалните избори 2025 со стратешки препораки за изборни реформи и демократски стандарди.
Програмата „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ претставува повик за заедничка акција, критичко мислење и солидарност во време на глобални предизвици – со цел да се зајакне отпорната, отворена и демократска Македонија.
Преземено: Цивил Медиа





