Во белградската населба Врачар денеска се случи пукање во кое, според неофицијални информации, е ранет сопственик на локален кафе-бар. Српскиот портал Telegraf.rs објави дека мажот бил погоден во нозете и веднаш бил пренесен во Ургентниот центар.
На местото на инцидентот излегле бројни полициски екипи и Брза помош.
Поради потрагата по сторителот, Министерството за внатрешни работи на Србија ја активирало акцијата „Вихор“, што подразбира блокада на клучни сообраќајници и засилени контроли на поширокото градско подрачје.







