ЕУ е најмалиот заеднички именител на 27-те држави, а тоа е една од главните слабости на оваа организација. И е премногу спора и слаба за да реагира на предизвиците на нашето време, а особено на предизвиците за демократијата, а покрај тоа, и ЕУ, како и повеќето земји, мојата земја е Германија, има специфична форма на неокапитализам. Исто така, меѓу другите проблеми е и потеклото на повеќекратната криза во која се наоѓаме сега. И се надевам дека организациите во овие земји кои се демократски, заедно со оние кои не се целосно демократски, можат да сторат нешто во врска со ова, изјави Амбасадорката Гудрун Штајнакер, потпретседателка на Здружението на Југоисточна Европа (Германија); поранешна амбасадорка на Германија на панелот „Европски и глобални перспективи на демократска отпорност“.





