Во однос на очекувањата од Европската Унија, би сакал да се придружам на оние гласови кои се залагаат за една фундаментална и моќна идеја: Демократијата треба да се третира како европско јавно добро, исто како безбедноста, енергијата или климатските акции.
Препознавање на демократијата како заедничка европска инфраструктура и обезбедување одржливи инвестиции во демократските институции, медиумите од јавен интерес, дигиталната писменост, граѓанското учество и механизмите за владеење на правото.
Вградување на демократијата во следниот буџет на ЕУ – не како мала програма, туку како основа на безбедноста, конкурентноста и социјалната кохезија на Европа, порача мешу другото Тони Поповски, Политиколог, архитект, поранешен министер за животна средина (Северна Македонија), на панелот Европски и глобални перспективи на демократска отпорност.





