ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше резолуцијата, не дозволи дискусија во Собранието

December 16, 2025 16:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската СДСМ обвини дека пратениците на ДПМНЕ спречиле поднесување и расправа за предлог-резолуцијата што ја подготвила партијата, оценувајќи дека станува збор за избегнување јавна дебата за прашање од национален интерес.

„Резолуцијата на СДСМ не беше предадена во Собранието затоа што ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да прифати ниту да се разговара, ниту да се поднесе“, соопштија од партијата, додавајќи дека наместо дебата, пратениците на владејачкото мнозинство се заканувале со тужби.

Од СДСМ тврдат дека не била дозволена дискусија во законодавниот дом, иако, како што наведуваат, токму Собранието е местото каде избраните претставници на граѓаните треба да ги отвораат ваквите прашања.

„Не сакаа да се отвори дискусија во македонското Собрание, меѓу претставниците на народот – пратениците на кои граѓаните им дале мандат да ги застапуваат пред највисокиот орган на државата“, се вели во соопштението.

Партијата посочува дека бил даден предлог темата да се префрли на општинско ниво, што, според нив, е институционално несоодветно. „Прво предложија темата да се префрли на општините, кои немаат никаква надлежност за вакво национално прашање“, наведуваат од СДСМ.

СДСМ тврди дека од самиот почеток настапила транспарентно, дека резолуцијата била јавно објавена и дека со денови повикувале таа да биде заеднички поднесена и потпишана. „Граѓаните ја видоа нашата Резолуција, јавно ја објавивме и со денови повикувавме заеднички да ја поднесеме и да ја потпишеме“, се наведува во реакцијата.

Како последица на, како што велат, недозволување расправа и избегнување одговори, пратениците на СДСМ ја напуштиле собраниската седница. „Не ни дозволија да зборуваме за нашата предлог-Резолуција, премиерот и министрите побегнаа од пратеничките прашања, побегнаа од вистината и од дебата за Резолуцијата“, наведуваат од партијата.

Од СДСМ дополнуваат дека нема да учествуваат во, како што ја квалификуваат, „политика на избегнување одговорност“, и најавуваат продолжување на политичката борба по ова прашање.

„Со денови зборуваме за ова. Прават сè само за да ја сокријат вистината. А вистината е дека не сакаат да ја потпишат Резолуцијата и подготвуваат своја контра-резолуција“, се вели во соопштението.

Од партијата порачуваат дека темата ќе остане дел од нивната политичка агенда и во наредниот период.

Tags: резолуцијаСДСМСобрание
Next Post
Скриншот

Затворска казна од 21 и пол година за возачот кој повреди стотици луѓе во Ливерпул

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk