Американската филмска академија ги објави листата на потесен избор за Оскарите 2026, со што официјално започна финалната фаза од изборот за најпрестижните филмски награди во светот.
Во оваа прелиминарна селекција се вклучени филмови кои ќе конкурираат за номинации во 12 категории, меѓу кои се најдобар долгометражен документарен филм, оригинална песна, оригинална филмска музика, како и новата категорија за најдобар кастинг.
Најмногу појавувања на листата на потесен избор имаат филмовите „Wicked: For Good“ и „Sinners“, кои се спомнуваат во осум категории. По нив следи „Frankenstein“ со шест селекции, додека „Sirât“, „One Battle After Another“ и „F1: The Movie“ се застапени во по пет категории. Филмовите „Marty Supreme“ и „Train Dreams“ добија по четири спомнувања. Меѓу насловите што се појавуваат во повеќе категории се и „Hamnet“, „Sentimental Value“, како и „One Battle After Another“.
Во категоријата за најдобар документарен филм, меѓу издвоените наслови се „The Alabama Solution“, „Apocalypse in the Tropics“, „The Perfect Neighbor“ и „2000 Meters to Andriivka“, кои се сметаат за сериозни кандидати за номинација.
Документарниот филм „Приказната за Силјан” на Тамара Котевска не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гласачите на Академијата, иако според сите предикции важеше за кандидат за Оскар.
Гласањето за номинациите ќе се одвива во периодот од 12 до 16 јануари, а официјалните номинирани за Оскарите 2026 ќе бидат објавени на 22 јануари. Свечената церемонија за доделување на наградите е закажана за недела, 15 март, а водител повторно ќе биде Конан О’Брајан. Настанот ќе се пренесува во живо на ABC и ќе биде телевизиски емитуван во повеќе од 200 земји низ светот.
На овој линк е целосната листа на филмови кои остануваат во игра за конечниот избор на номинации за Оскар.
Редакција Фронтлајн
Прочитајте и…
„Приказната за Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка







